1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе настине ли Германија, ако Кина кивне?

Џо Харпер
6 февруари 2019

Германската економија расте и паѓа со Кина. Банкарите не се баш познати по своите хиперболи, но зборовите на Јерг Кремер од Комерцбанк, говорат за нешто што станува се повеќе евидентно.

https://p.dw.com/p/3Bxb5
Symbolbild Autos deutscher Herstellung in China
Фотографија: P. Lopez/AFP/Getty Images

Германија, како производител на автомобили и капитални добра, е една од многуте западни економии кои во Кина гледаат голем извозен пазар.
Но „токсичниот коктел“ од ризици, вклучително и високиот долг на кинеските државни компании, како и несигурноста поврзана со трговската војна со САД, се опасни знаци за економско ладење на Кина, предупредува Јерг Кремер, главниот економист на втората по големина германска банка- Комерцбанк.
Кина е клучна за германската експанзија затоа што купува германски автомобили и индустриски производи кои ѝ помагаат да ја подобри инфраструктурата која и го овозможува економскиот раст.
Кинеската економија порасна за 6,6 проценти во 2018 година, најмал раст од 1990 година, а растот во 2019 година се очекува да падне под 6,5 отсто; според проценките на Светската банка и економските експерти.
Кина се соочува со проблем поради тарифите кои и ги наметнаа САД, но и поради многу високото ниво на долг од над 300 проценти од БДП, сметаат од Меѓународниот институт за финансии.

Кинеска треска во Германија

Надвор од ЕУ, Кина е најважниот трговски партнер за Германија. Но кинескиот увоз од Германија падна за 37 проценти во 2018, откако обемот на трговијата достигна 187 милијарди евра во 2017.
Германската Комора на индустријата и трговијата ДИХК, проценува дека околу 900 илјади работни места во Германија зависат од извозот во Кина, кој пак се намали за околу 4 проценти во ноември, откако претходните месеци достигна рекордни бројки.
„Германија треба да биде загрижена за забавувањето на Кина, иако е тешко да се каже колку е навистина силно тоа забавување“, вели Карстен Брзески, главен економист за Германија и Австрија на ИНГ-ДиБа.
„Не треба ни да се кажува дека успорениот раст на Кина, особено кога е придвижуван од домашното побарување, ќе остави трага врз германската економија“, додава Брзески.
И германската економија полека успорува, според податоците на Сојузниот завид за статистика. БДП порасна за 2,2 проценти во 2017, но падна на 1,5 отсто во 2018, што е намалување за 37,8 проценти.
Некои аналитичари веруваат дека успорениот германски раст би можел да биде сигнал за пресврт во глобалниот економски циклус по повеќегодишен раст. Тоа е дополнето со фактот што Кина бележи раст во ланецот на вредности и усвојува иновации побрзо од многу германски фирми.

China Olaf Scholz, deutscher Finanzminister | mit Liu He
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц и кинескиот вицепремиер Лиу ХеФотографија: Reuters/A. Wong

На Германија и е потребен нов модел

Поради намалувањето на извозот, Берлин се преориентира кон раст на домашната потрошувачка- клучна стратешка промена за земјата имајќи предвид дека поствоеното „економско чудо“ беше базирано врз засилен извоз.
Сега некои во германската индустрија заговараат поостар однос со Кина. Влијателната БДИ индустриска комора неделава повика на построги ЕУ правила кон Кина и ги повика компаниите да ја намалат зависноста од кинескиот пазар.
Германското министерство за економија го поздрави извештајот на БДИ, но посочи дека разликите со Кина мора да се решаваат со дијалог.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека Германија сака подобар пристап за германските бизниси, особено за банките и осигурителните компании.

Автомобилската индустрија е клучна

Трговскиот спор меѓу САД и Кина и создава проблеми на германската автомобилска индустрија, но и на други индустриски гранки, на два начини: преку намалување на побарувачката од Кина и поради можните тарифи за извозот произведен во САД.
Германската авто-индустрија е тешко погодена од намалената побарувачка во Кина и го забележа својот прв пад во продажба на автомобили во речиси три децении, во 2017 година.
Додека производителите на луксузни возила како БМВ и Мерцедес не се погодени од овој тренд и бележат рекордни продажби во Кина, производителите на возила за масовна употреба, како Фолксваген, бележат голем пад на продажбата.
„За германската автомобилска индустрија, Кина е најважниот надворешен пазар поради неговата големина и добриот профит“, вели Штефан Кипар од БајернЛБ групацијата за истражување на пазарот.
Германската авто-индустрија има четири големи фабрики во САД каде вработува 118 илјади луѓе. Минатата година, германските компании од САД во Кина продале 95 илјади лесни возила- драматичен пад во однос на 150 илјади колку што биле продадени една година претходно.
„И покрај успорувањето, нема да има драматичен крах во автомобилскиот сектор“, вели Дерте Алрикс, менаџер за комуникации во Институтот Меркатор за кинески студии во Берлин. „Но овојпат, Кина повеќе нема да биде спасител за многу германски компании“.

China, Polizeiauto in Shanghai
Најголем пад на продажбата во Кина бележи ФолксвагенФотографија: picture-alliance/D.Kalker
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи