Солидарност со револтот во САД
Снимките на белиот полицаец кој клечи врз вратот на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој потоа почина, предизвикаа протести од Амстердам до Најроби, но тие исто така ги исфрлија на површина и подлабоките поплаки на демонстрантите за затегнатите расни односи во нивните земји,
Додека насилни судири меѓу демонстрантите и властите беснеат во САД, илјадници активисти против полициската бруталност се собираат во знак на поддршка движењето „Животите на црнците се важни“ во многу европски , африкански и австралиски градови.
Мирните демонстранти ги потенцираа обвинувањата за социјална и економска нееднаквост и институционален расизам што потекнува од колонијалната ера на Холандија, Велика Британија и Франција...
Повеќе:
-Бесконечната борба за еднаквост во САД
-Остри осуди за состојбата во САД од ЕУ и Германија
-Протести во САД: „Америка се распарчува сама себеси“
Големи протести во знак на солидарност по смртта на Џорџ Флојд вчера се одржаа и во Австралија и во Мексико, каде де демонстрираше и против полициското насилство и институционалниот расизам во однос на староседелците во овие земји,кон индогеното население. На протестите во австралиските градови Камбера и Сиднеј луѓето носеа плакати со натписите „Молкот е смртоносен“ и „ Животите на Абориџините се важни“
Огромен антирасистички протест, на кој според проценките учествувале 50 илјади луѓе, се одржа и во центарот на Виена, главниот град на Австрија. Демонстрантите од кои многумина наведоа дека расизмот во Австрија е присутен во иста мерка како во САД, носеа транспаренти со натписот „Животите на црнците се важни“. Протести против полициската бруталност имаше и во Истанбул, Турција и во Најроби, Кенија. Деновиве планирани се слични протести и во Шпанија, Португалија, Гамбија... Во насловното видео можете да видите како изгледаа демонстрациите на солидарност со протестите во САД во Лондон, Берлин и Оукленд...