1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австралија објави „шокантен“' еколошки извештај

ЕМФ / дпа
19 јули 2022

Бројот на загрозени видови во Австралија во изминатите пет години се зголемил за осум проценти. Притисокот врз сите екосистеми во земјата и натаму расте.

https://p.dw.com/p/4EKZB
Australian animals at risk as environment deteriorates - government report

 A mother koala named Kali and her joey are seen in their natural habitat
Фотографија: Loren Elliott/REUTERS

Извештајот за состојбата на животната средина во Австралија се очекуваше напрегнато. Тој беше презентиран од Министерството за животна средина во Канбера, а резултатите во него од страна на медиумите и коментаторите беа оценети како „шокантни“. Се зборува за „катастрофални загуби на диви животни и животен простор“.

Податоците за извештајот, кој се објавува секои пет години, ги собираа над 30 експерти. Притоа се „снима“ состојбата во секој аспект од австралиската животна средина - од реки и океани, преку воздух и мраз, сѐ до селските и градските региони. Најновиот извештај е „отрезнувачки“, констатира Универзитетот во Сиднеј.

Од времето на колонизацијата, на континентот се изумрени 39 видови цицачи - повеќе од кој било друг континент, констатираат експертите. Истовремено, 80% од речиси 400 видови цицачи во земјата живеат само во Австралија и ги нема на друго место во светот.

Australien | Verendeter Wal am Strand von Mallacoota
Угинат кит на плажа во Малакута, АвстралијаФотографија: Colin Dixon/@mallacoota2020/REUTERS

Од последниот извештај во 2017 година до денес на листата на загрозени видови се нашле уште 17 видови цицачи, 17 видови птици и 19 видови жаби. Бројот на загрозени животински и растителни видови во изминатите пет години се зголемил од 1774 на 1918. Една од главните причини за тоа е губењето на природниот животен простор. Во извештајот се вели дека помеѓу 2000 и 2017 година во Австралија се опустошени 7,7 милиони хектари земја. Животинскиот свет беше тешко „ранет“ и во последнитеголеми пожари од 2019 и 2020 година.

- повеќе: Катастрофални поплави во Австралија: „Вакво нешто овде не сме доживеале“

„Состојбата на животната средина во Австралија е лоша и се влошува уште повеќе поради зголемениот притисок од промените на климата, загубата на животен простор, инвазивните видови, загадувањето на околината и експлоатација на ресурси“, се вели, меѓу другото, во извештајот и се оценува дека сето тоа се одразува негативно не само на здравјето на луѓето, туку и на нивниот животен стандард, како и на нивното културно и духовно исполнување.

Australien - Klima-Protest
Протест на движењето за заштита на животната средина „Extinction Rebellion“ пред парламентот во австралиската сојузна држава ВикторијаФотографија: picture alliance/dpa/AAP

Претходната конзервативна влада на Скот Морисон, која беше жестоко критикувана поради пасивниот однос во политиката за заштита на животната средина, го доби извештајот во декември 2021 година, но не го објавуваше поради изборите во мај годинава. Новата влада на Ентони Албанес, од друга страна, ја направи борбата против климатските промени една од централните теми на својата агенда. Министерката за животна средина Танја Плиберсек денеска изјави дека извештајот одразува „повеќе од една деценија неактивност и намерно игнорирање“.