1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Избори во покраината на џинови и кризи

Фолкер Вагенер
13 мај 2017

Покраината Северна Рајна Вестфалија е Германија во мало, економски центар и социолошки пресек на земјата. Но, таа се наоѓа во криза и тоа токму во мега -изборната година.

https://p.dw.com/p/2cncv
Deutschland Landtagswahl NRW Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Забревтаниот изборен воз на Социјалдемократите на чело со локомотивата - врвниот кандидат Мартин Шулц, веќе вторпат запре на отворена пруга.Покраинските избори во Шлезвиг-Холштајн се загубенипоради, како што веруваат во СПД, грешки на нивниот тамошен кандидат, актуелниот покраински премиер  Торстен Албиг, кој во јавноста изнесуваше не многу ласкави детали за својот приватен живот. 

В недела, 14 мај, следува повторна сериозна проба - се гласа во најголемата, 18 милионска германска покраина, вистински тест за сојузните избори. Отсекогаш овде курсирала изреката: ако Северна Рајна Вестфалија кашла, Берлин има грип. Северна Рајна Вестфалија (НРВ) е бастионот на Социјалдемократите. Во минатите 50 години, само еднаш владеел премиер од редовите на ЦДУ. Покраината НРВ, настаната така што Британците по Втората светска војна ги споиле Рајнската област и Вестфалија, политички и економски, претставува вистински џин. Секој петти граѓанин со право на глас живее во НРВ. Иако последниот рудник ќе биде затворен следната година, ова беше центарот на тешката индустрија, а во покраината до денес се наоѓа најголем број од крупните фирми нотирани на берзата. 

Tour de Ruhr - NRW Landtagswahl
Северна Рајна Вестфалија - рекордер по долги колони на автопатиштатаФотографија: DW/C. Grün

Многу голема, но и со големи слабости

Но, Северна Рајна Вестфалија снеможува. Невработеноста (7,7 проценти во 2016 година) навистина е намалена, во во вкупниот број невработени на сојузно ниво, Северна Рајна Вестфалија има удел од 27 проценти, во споредба со 24 насто во 2010 година. Континуирано расте стапката на сиромаштија. Владата во Диселдорф во образованието инвестира помалку отколку другите покраински влади. И во областа на криминалитетот оваа покраина има лош пласман, процентот на откриени престапници е околу 50 насто, додека баварските полицајци бележат квота од 66 проценти. Во врска со темата долгови, веќе се зборува за „грчки размери“.

Но затоа Северна Рајна Вестфалија е рекордер по сообраќајни застои. Никаде во Германија возачите не губат толку многу време на автопатиштата како тука. Вината не ја сноси единствено покраинската премиерка, Ханелоре Крафт, но од овој проблем опозицијата, ЦДУ, прави свој капитал во изборната кампања.

Symbolbild - Hannelore Kraft
Ханелоре КрафтФотографија: picture-alliance/dpa/M. Hitji

„Млитавиот“ Армин Лашет и покраинската „мути“

Ханелоре Крафт, дете на Рурската област од средниот граѓански слој, добро ги познава луѓето, непосредниот контакт е нејзината силна карта. Со непознатите зборува на начин како отсекогаш да ги познава и секој ден да е на ручек со нив. Седум години е на функцијата, но во меѓувреме и кај неа се приметуваат слабости. СПД одамна не е непобедлива во германскиот запад, но нејзината најголема сила на 14 мај може да биде слабоста на ЦДУ. Конкурентот на Крафт, Армин Лашет од Христијанско-демократската унија, е постојана тема на вицови поради својата неенергичност, но и тој има блискост со граѓаните. Двајцата контрахенти не се во клинч, сликата на малку одушевените врвни кандидати ја дополнува конвенционалната изборна кампања со пароли, реактивирани секои неколку години (повеќе учители, повеќе полицајци).

Крафт во прогнозите има час помала, час поголема предност. Но и двајцата се чини сега профитираат од глобалните возбуди на денешницата, Брегзит, десниот популизам или Доналд Трамп: двете големи партии на центарот, СПД и ЦДУ, актуелно доживуваат мал политички раст, како гаранти на мирниот центар. Меркел повторно ја има под контрола својата грешка со бегалците, аСПД под водство на Мартин Шулц се радува на здобиените неколку проценти плус во анкетите.

Deutschland Armin Laschet, Vorsitzender der CDU-Landtagsfraktion NRW
Армин ЛашетФотографија: DW/B. Riegert

Бамби и воскреснувањето на Либералите

И СПД и ЦДУ концентрирано ги следат Либералите, посебно нивниот лидер Кристијан Линднер, кој сака партијата ФДП повторно да ја внесе на голема врата не само во Диселдорф, туку и во Берлин. 39-годишниот Линднер со 22 години беше најмладиот покраински пратеник, што му го донесе прекарот „Бамби“. Сега тој е единствениот двигател на Либералите. Целата нивна кампања е One-Man-Show. Според анкетите, ФДП може да смета со двоцифрен резултат во Северна Рајна Вестфалија, што ќе значи скап коалициски партнер, сеедно за кого.

Без страв од АфД

Десните популисти во меѓувреме се истиснати на маргините, нивната сила е преполовена. Тие веројатно ќе влезат во покраинскиот парламент, но се чини не со двоцифрен резултат. Големата возбуда околу новата партија спласна.

Северна Рајна Вестфалија не беше предводникот на црвено-зелена коалиција, но во голем обем ја овозможи коалицијата меѓу Шредер и Фишер во 1998 година. Затоа, германската најголема покраина се смета и за политичка лабораторија за решенија на сојузно ниво. Црно-зелено, околу што одамна се дискутира, сепак е малку веројатна варијанта. Исто така и „Јамајка“ -коалиција: ЦДУ, ФДП и Зелените, според сегашните изјави, не доаѓа во предвид. Но, во светлината на резултатите, често се случува корекција на договорите и определбите. Едно е сигурно: најголема е веројатноста од голема коалиција, која е неомилена и не би имала никакво сигнално значење за Берлин и есенските избори за Бундестагот. Зашто, таму таа е веќе на дело. Мартин Шулц пак игра на сите карти.