1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори ќе нема, дали ќе има кризна или вонредна ситуација?

БГ
17 март 2020

Политичките лидери и дефинитивно ги ставија изборите на 12 април ад-акта, но не можат да се усогласат со каков степен на мерки да се спротивстават на коронавирусот- со кризна или вонредна состојба?

https://p.dw.com/p/3ZaKR
Nord-Mazedonien | Treffen der Parteiführer bei dem Präsidenten Stevo Pendarovski
Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Изборите на 12 април со консензус на политичките лидери во земјава ќе бидат одложени, а начинот како тоа законски да се стори го бараат уставни експерти кои во 16 часот започнаа состанок под покровителство на шефот на државата Стево Пендаровски. Едногласноста заврши околу прашањето за одложувањето на изборите. Дилемата како натаму државата да се справува со кризата околу коронавирусот се прекршува околу прашањето: Дали да се воведе кризна состојба на територијата на целата држава или вонредна состојба. За првата опција е опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. За втората лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Без вонредна состојба не може да се ограничи движењето на граѓаните, работењето на фирмите, да се направи ребаланс на буџетот и да се обезбедат дополнителни средства за справување со оваа криза“, аргументира Заев. 

Повеќе на темата: 

- Коронавирусот и стопанството: Џабе мерки, ако запре транспортот на стоки

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека кризната состојба на целата територија, како категорија регулирана со закон, и дава доволни можности на владата да се справи со кризата.

„Она коешто е важно да се напомене е дека Уставот предвидува вонредна состојба, а не предвидува кризна состојба. Но она коешто е исто така значајно е што вонредна состојба практично не е регулирана со Закон, односно не е регулирана методологијата и одговорноста што би значело прогласување на вонредна состојба и кои би биле чекорите“, вели Мицкоски.

Во меѓувреме започна експертскиот состанок од кој треба да произлезат заклучоци за одложувањето на изборите, евентуално и за начинот за справување со коронавирусот. На состанокот како експерти присуствуваат Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов. Како и претседателот на Собранието Талат Џафери и техничкиот премиер Оливер Спасовски.