1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинците ги прекинаа контактите со Израел

ЕМФ /агенции
22 јули 2017

Заострените безбедносни контроли на Ридот на храмовите во Ерусалим ги разбеснеа Палестинските автономни власти. Тие ги замрзнаа контактите со Израел.

https://p.dw.com/p/2h09R
Israel - Palästina - Konflikt - Unruhen
Фотографија: Reuters/M. Torokman

Претседателот на Палестинците, Махмуд Абас, по кризната седница на владата изјави дека прекинот на контакти ќе трае сѐ додека „окупаторската сила“ Израел не ги укине безбедносните мерки на Ридот на храмовите. По минатонеделниот напад, во кој беа убиени двајца израелски полицајци, Израел во неделата постави детектори за метал на влезовите во светилиштата во старото градско јадро на Ерусалим. Според сопствени наводи, Израел на тој начин сака да спречи внесување оружје. На мажите под 50 годишна возраст сосема им е забранет пристап до Ридот на храмовите, каде се наоѓаат и џамијата Ал Акса и Ѕидот на плачот, кои се сметаат за едни до најсветите места за муслиманите и Евреите.

Во текот на протестите по петочните молитви во Источен Ерусалим и во блискиот град Абу Дис на Западниот брег, загинаа тројца Палестинци. Десетици лица се повредени. До судири меѓу изралеските сили и Палестинците дојде и на Ридот на храмовите. Во текот на вечерта стигна информација за уште еден напад врз Израелци. Израелската армија соопшти дека напаѓач се втурнал во куќа во еврејската населба Неве Зуф, северозападно од Рамала, и со ноќ прободел тројца израелски цивили. Напаѓачот е убиен. Армијата не наведе податоци за неговиот идентитет.

Palästina - Israel - Konflikt - Mahmoud Abbas
Претседателот на Палестинците, Махмуд Абас, оцени дека ситуацијата е екстремно опаснаФотографија: Getty Images/AFP/A. Momani

Поради тензичната состојба Абас директно им се обрати на САД, јави агенцијата Вафа. Ситуацијата е „екстремно опасна и може да излезе од контрола“, рекол Абас во телефонски разговор со Џеред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Министерството за надворешни работи во Берлин ги повика германските граѓани да го избегнуваат старото градско јадро на Ерусалим и населбите околу Источен Ерусалим.

Тензии во Ерусалим