Божиќ во сите негови аспекти
25 декември 2021По Октомвриската револуција во 1917 година, христијанскиот празник Божиќ беше укинат во Советскиот Сојуз. Но, потребна беше замена: Така државата го создаде празникот Јолка во 1937 година, кој се одржуваше секоја година на 31 декември. Дел од празникот беше украсувањето на - „Јолката“, што на руски значи елка. Додадени се и ликови од руските зимски бајки, како што се Татко Мраз и снежната девојка Снегурочка.
Ова е добар пример за тоа како измислената традиција стана фиксна традиција, истакнува кураторката Ирис Еденхајзер. Таа ја осмисли тековната божиќна изложба во Берлинскиот музеј на европските култури (МЕК). Под наслов „Божиќен (буквар)Абецедар“, изложбата ги следи светлите и темните страни на Божиќ.
Темната страна на Божиќ
За многумина Божиќ е зенитот на годината, но празникот има и свои лоши страни, објаснува кураторката. „Тоа ги открива нашите разлики. Луѓето кои се сиромашни, кои не го слават Божиќ или кои не можат да поднесат да бидат блиски со своите семејства, се исклучени“. Покрај тоа, фестивалот произведува многу ѓубре и не е нужно еколошки.
Експонатите се движат од традиционалниот адвентски календар преку поп-културниот кич, па сѐ до политичките постери. Празникот Јолка, на пример, е претставен со зимска сцена исечена од хартија, која им беше дистрибуирана на децата во поранешната Германска Демократска Република во 1989 година од страна на културниот центар „Руска Куќа“ во источен Берлин.
Божиќ и расизмот
Современата дебата за расизмот е обработена под буквата С за „Ситерклас“, холандското име за Свети Никола. Овде изложбата не се занимава со добро расположениот старец кој на добрите Холанѓани им ги носи подароците на 5 декември, туку со дебатата за „Зварте Пит“ или „Црниот Петар“. Тој е помошник на Синтерклаас, но неговиот портрет се заснова на расистички стереотипи. Во ноември, доаѓањето на Синтерклаас се слави со паради и јавни настани, со луѓе кои се маскираат како Зварте Пит, со лица обоени во црно, кадрави перики и костуми кои потсетуваат на облеката на робовите и на слугите од 16 век.
На изложбата се прикажани маици и постери од холандскиот активист Џери Африје, кој ја основал кампањата „Исфрлете го Зварте Пит“. Поради протестите, производите со ликот на Зварте Пит беа повлечени од продажба и многу паради за Синтерклас беа откажани. Од појавата на движењето „Црните животи е се важни“, мнозинството од холандското население ја поддржува промената на популарната фигура.
Најтешкиот период од годината
Божиќ е еден од најтешките периоди во годината за многу луѓе, вклучително и за оние кое се во затвор или живеат во екстремна сиромаштија. Буквата Икс на изложбата го означува германскиот збор „nix“ - колоквијално за „nichts“, што значи „ништо“
Организаторите на изложбата се зафатија со прашањето на бездомништвото и за таа цел стапија во контакт со поранешна двојка бездомници. На прашањето што ги поврзува со празникот, тие рекоа дека „Божиќ е зима и најстудено време од годината кога мора да се преживее и да се остане на топло“, вели Еденхајзер.
Повеќе: Германците трошат најмногу за божиќни подароци
Тоа е и време кога бездомниците собираат пари за наредните месеци: „Ни раскажуваа дека луѓето се многу дарежливи на Божиќ. По Божик тоа веднаш ќе престане“. Парите донирани во декември се неопходна егзистенцијална поддршка за наредните месеци. Двојката исто така вели дека иако се донира многу облека, малку од неа е корисна за живот на улица. Изложбата ги прикажува двете најважни работи што ги поседувала поранешната бездомничка двојка: вреќа за спиење и чифт зимски чизми.
„Сакав да создадам изложба во која има по нешто за секого: луѓе кои не го слават Божиќ, луѓе кои мразат семејни прослави, но и луѓе кои го сакаат Божиќ и божиќната атмосфера“, резимира кураторката Еденхајзер. Изложбата во Музејот на европски култури во Берлин може да се погледне до 30 јануари 2022 година.