1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Германците среќни поради лесната група со Северна Македонија

БГ/ ДПА
7 декември 2020

Среќна жрепка за германската фудбалска репрезентација. Вака гласат првичните коментари на германските медиуми откако денеска беа извлечени групите за квалификациите за Мундијалот во Катар.

https://p.dw.com/p/3mNRn
Deutschland Frankfurt | Digitales Pressegespräch | Joachim Löw
Фотографија: Thomas Boecker/dpa/picture alliance

Тимот на селекторот Јоахим Лев (насловна фотографија) на патот до Светското првенство 2022 во Катар доби неочекувано лесни противници, пишуваат германските медиуми. Четирикратниот светски првак во квалификациската група Ј за противници ќе ги има Романија, Исланд, Северна Македонија, Ерменија и Лихтенштајн.
„Влегуваме во трката како најголем фаворит. Нашата цел е да победиме во групата“, изјави Лев веднаш откако станаа познати противниците.
Најсилен ривал на Германците ќе им биде Романија која во моментов е 37 на светската ранг-листа на ФИФА. Тоа е притоа и единствената репрезентација во групата против која Германија воопшто некогаш загубила.
Против Северна Македонија, од друга страна, никогаш не играла. Ова ќе биде првпат двете репрезентации да ги одмерат силите во една квалификациска рунда.
Германската репрезентација веќе подолго време е во резултатска криза која неодамна ескалираше со тежок пораз од 6:0 од Шпанија во Лигата на нации.
Поразот доведе до бројни барања за оставка на Лев, и судир во фудбалскиот сојуз на земјата, но тој засега останува на функцијата.

 Mazedonische Fußballnationalmannschaft feiert Sieg gegen Kosovo
Славје на македонските репрезентативци по пласманот на ЕП во фудбалФотографија: Petr Stojanovski /DW

Квалификациите започнуваат во март 2021, а ќе завршат веќе во ноември истата година. Победникот во групата директно ќе се пласира на турнирот во Катар, додека второпласираниот ќе има можност да избори учество преку бараж.

Северна Македонија за првпат годинава избори пласман на едно Европско првенство. Селекторот Игор Ангеловски за домашните медиуми најави битка за второто место во групата.