1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Ѓоковиќ повторно во притвор

ЕМФ | агенции
15 јануари 2022

Тенисерот Новак Ѓоковиќ е повторно во имиграциски притвор во Австралија, соопштија неговите адвокати.

https://p.dw.com/p/45ZP3
Australien Open 2022 Novak Djokovic absolviert Training
Фотографија: Martin Keep/AFP

Одлуката за притвор е донесена откако австралиската влада по вторпат му ја прогласи визата на Новак Ѓоковиќ за неважечка. Според судските документи, 34-годишниот тенисер ќе биде затворен на локација во Мелбурн додека судот ја разгледува жалбата против негово депортирање од Австралија.

Австралиската влада, според она што произлегува од судските документи, аргументирала дека престојот на тенисерот во земјата би можел да „поттикне антивакцинално расположение“. Министерот за имиграција Алекс Хоук вчера анулирањето на визата на Ѓоковиќ го образложи со „здравствени причини и причини кои се однесуваат на јавниот поредок“. Покрај протерувањето, анулирањето на визата за тенисерот може да значи и забрана за влез во Австралија во траење до три години.

Ѓоковиќ во Австралија сака да ја освои својата 21-ва грен слем титула и со тоа да постави нов светски рекорд. Турнирот почнува во понеделник (17.01). Случајот Ѓоковиќ во текот на изминатите денови постојано добиваше нови пресврти. Погрешните податоци за неговите патувања пред да полета за Мелбурнтенисерот ги образложи со „грешка“на својот тим. Тој се соочи со огромни критики поради тоа што имал средба со млади тенисери од Србија директно по неговиот позитивен корона-тест, како и поради тоа што еден ден подоцна имал интервју за француски весник.