1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Американско оружје за Тајван

ЕМФ / дв
3 септември 2022

Додека тензиите со Кина се зголемуваат, САД на тајванската влада ѝ продаваат ново оружје. Станува збор за пратка во вредност од над една милијарда долари.

https://p.dw.com/p/4GNkZ
Тајван не сака да попушти под притисокот на Кина и се вооружува со помош на САД
Тајван не сака да попушти под притисокот на Кина и се вооружува со помош на САДФотографија: Annabelle Chih/Getty Images

Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека во пакетот со вкупна вредност од 1,1 милијарда долари, меѓу другото, има и радарски систем за рано предупредување од ракети, во вредност од 665 милиони долари.

Планирана е и испорака на 60 ракети од типот Харпун, во вредност од 355 милиони долари. Со овој тип ракети може да се потопуваат бродови. Освен тоа, САД на Тајван му продаваат и 100 Сајдвиндер-ракети, кои се исфрлаат од борбени авиони или борбени хеликоптери.

Американското МНР оценува дека оружјето е „неопходно за безбедноста на Тајван“. Истовремено, Министерството ја повикува Кина „да стави крај на воениот, дипломатскиот и економскиот притисок врз Тајван и со него да почне значаен дијалог“.

Кина реагираше луто на зделката со оружје и се закани со консеквенции. Пакетот со оружје за Тајван претставува сериозна закана за односите помеѓу Вашингтон и Пекинг и тоа мора веднаш да престане, изјави портпарол на кинеската амбасада во САД. „Кина, во светло на развојот на ситуацијата, ќе преземе решителни легитимни и неопходни контрамерки“, најавува Пекинг.