Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“
22 февруари 2024Американскиот претседател Џо Бајден го навреди шефот на руската држава Владимир Путин на јавен настан. На состанокот со донаторите на Демократската партија во Сан Франциско, Бајден рече дека климатските промени се „егзистенцијална закана за човештвото“ и покрај „лудиот кучкин син Путин“.
На англиски, претседателот го употреби изразот „crazy SOB",, кратенка од навредата „son of a bitch“. Изразот причично често се користи во САД и се смета за помалку вулгарен во споредба со другите навреди. Во минатото американскиот претседател, кој е склон кон навреди, го нарекуваше Путин „касап“ и „воен злосторник“, во рамките на неговите изјави за руската агресорска војна во Украина.
Критики од Москва
Кремљ го критикуваше изборот на зборови на Бајден и му порача на американскиот претседател да побара подобар совет. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека неговиот избор на зборови го направил Бајден да изгледа како „холивудски каубој“ и го нарушил угледот на Америка.
Според Песков, Путин никогаш не дал толку груби изјави. По смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во руски затвор, Бајден најави „значајни“ санкции против Русија.
Бајден го користел изразот и претходно
Демократот, кој се надева дека ќе обезбеди втор мандат на претседателските избори во ноември, го употреби истиот навредувачки израз и претходно. Кога еден новинар на Фокс њуз му постави прашање на претседателот на маргините на јавниот настап во Вашингтон во јануари 2022 година, Бајден промрморе: „Каков глупав кучкин син“, што можеа да го чујат сите присутни, бидејќи неговиот микрофон сè уште беше вклучен.