Владимир и Соња го заменија градот со планина. Љубовта кон природата и мирниот живот биле пресудни. Од Скопје, тие создадоа нов дом во Маврово, каде водат хостел.
„Баш беше буквално бегање од градот. Целата загаденост и целата динамика почна да влијае на мене, на моето здравје, на моето однесување„, раскажува Соња Манчевска.
Владимир Ѓорѓиоски додава:
„Поголемиот дел од домот сами го изградивме. Сфативме дека ако си работиме за нас дека тоа е една инвестиција за наша подобра иднина“.
Убавините на пределот се добар предуслов за бавење со туризам. Соња е етнолог-антрополог и потекнува од овие краишта. Нејзините рачни изработки го красат хостелот во етно стил.
Владимир, пак, родум од Скопје, организира туристички тури. Но, овој животел стил носи и предизвици.