Дали на Македонија и се заканува и епидемија на морбили?
27 февруари 2024Покрај големата кашлица и малите сипаници влегуваат на „мала врата“ во регионот. Големиот процент на невакцинирани деца ја враќа опасноста од ширење на овие заразни болести. Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување дека до крајот на 2024 година повеќе од половина од светот ќе биде под висок или многу висок ризик од сипаници. Од регионот, во Србија веќе е влучен алармот. Од почетокот на годината кај јужниот сосед се регистрирани 19 потврдени случаи на мали сипаници (морбили), меѓу кои и кај 13 месечно бебе. Неодамна и романското Министерство за здравство прогласи епидемија на сипаници на национално ниво поради алармантно зголемување на случаите низ целата земја. Во Македонија, каде стапката во вакцинација од морбили заклучно со 2022 година била многу ниски- 70 проценти, опасноста од епидемија на оваа заразна болест е многу реална.
Дали и на Македонија и се заканува епидемија на морбили?
Мали сипаници или морбили е заразна болест предизвикана од вирус од групата миксовируси. Болеста може да се јави кај оние што не прележале морбили, или не се соодветно вакцинирани против сипаниците. Првите знаци на инфекција обично се висока температура и симптоми на настинка, како течење на носот. По неколку дена се појавува осип на лицето и на вратот, а потоа и по телото.Лани беше регистриран случај на мали сипаници кај 13-месечно невакцинирано бебе од Свети Николе, каде што опфатот со вакцина бил над 98 отсто, што придонело да не се појави епидемија. Пред неколку денови
За да има колективен имунитет, кога вирусот нема лесно да се шири, опфатот со вакцинација треба да биде 95 отсто. Вакцината против морбили, според податоците на Институтот за јавно здравје, почнала да се дава во 1971 година, а во 1972 година е воведена како редовна кај децата од 13-месечна возраст. Во 1983 година била воведена една доза од комбинираната МРП-вакцина (против морбили, рубеола и паротитис), исто така на 13-месечна возраст. Во 1987 била воведена ревакцина на седумгодишна возраст само со вакцина за морбили, а во 1997 година била воведена ревакцина со МРП.
Заклучно со 2022 година во Македонија имало само 70.7% вакцинирани деца од морбили. Последен пат во земјата епидемија на морбили беше прогласена во декември 2018 година. Тогаш имало 74.8% вакцинирани. Во Македонија за 50 години, од 1973 година до денес регистрирани се 25 смртни случаи со морбили.