1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над 800 илјади жители ја напуштиле Бугарија за 10 години

Александар Детев
4 октомври 2022

Резултатите од пописот во Бугарија покажуваат пад на бројот на населението за над 11 проценти во период од само една деценија. Во земјата останале да живеат 6,5 милиони луѓе од кои над 1,5 милиони имаат над 65 години

https://p.dw.com/p/4HglT
Софија, Бугарија
За само една деценија Бугарија загубила над 11 проценти од своето населениеФотографија: BGNES

Населението во Бугарија се сведе на 6.519.789 луѓе, покажуваат податоците на Националниот статистички институт од националниот попис што се одржа во периодот 7 септември - 10 октомври 2021 година. Во последните десет години, од 2011 до лани, населението во Бугарија е намалено за 844.781 лица, што е еднакво на 11,5%. Главните фактори за намалувањето на населението се природното движење: разликата меѓу бројот на новородени и починати, и емиграцијата.

Раст на населението над 65 години 

Во Бугарија живеат 3.383.527 или 51,9% жени, и 3.136.262 мажи, односно 48,1% од населението. Има 927 мажи на 1000 жени. Населението на возраст од 65 години и повеќе е 1.532.667, а 4.069.400 луѓе се во возрасната група помеѓу 15 и 64 години. До 7 септември 2021 година во државата имало 5.257 населени места, од кои 257 се градови и 5.000 села. Во градовите живеат 4.782.064 луѓе (73,3%), а во села 1.737.725 луѓе (26,7%). Над 100 илјади луѓе живеат во шест бугарски градови - Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Русе и Стара Загора.

Над 1,2 милиони жители во Софија 

Населението на Софија е 1.274.290 луѓе. Најмалиот град во Бугарија е Мелник со население од 161 жители. Најголемото село е Лозен во Софиската област со население од 6.471 жители. Од Националниот статистички институт објавија дека повеќе податоци ќе бидат објавени во ноември и декември, вклучително и за етничката припадност, религијата и миграцијата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи