1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Ердоган ја прекина кампањата поради здравствени проблеми

ЕМФ | агенции
26 април 2023

На нецели три недели пред претседателските избори во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган откажа неколку предизборни термини поради здравствени проблеми.

https://p.dw.com/p/4Qa9r
Фотографија од интервјуто на Ердоган во живо на турската телевизија Канал 7
Фотографија од интервјуто на Ердоган во живо на турската телевизија Канал 7Фотографија: DHA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откажа неколку термини од кампањата пред претседателските избори во земјата поради, како што самиот наведе, проблеми со стомакот.

„Денеска ќе се одморам дома по совет на нашите лекари“, напиша Ердоган денеска (26.04) на Твитер. Тој најави дека „со Божја дозвола, од утре ќе ја продолжиме нашата програма“.

Соочен со пад на рејтингот во анкетите, Ердоган во последните недели неуморно водеше кампања. Изборната кампања во моментов е трка рамо до рамо меѓу него и опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу.Ердоган за денеска планираше три настапи во Анадолија.

Вчера турскиот претседател мораше да го прекине интервјуто во живо на телевизија. Програмата започна со 90 минути доцнење, а по само 10 минути беше прекината со реклама среде прашање. Пред да заврши преносот, камерата се заврте и се гледа како човекот што поставуваше прашање нагло станува од столот. Од позадина се слуша глас кој вели „Ох, леле“.

Ердоган се врати околу 15 минути подоцна и се извини. „Вчера и денес работата беше напорна. Затоа добив стомачен грип“, рече тој. Политичарот изгледаше бледо и малку подоцна го заврши интервјуто.

Фотографија од интервјуто во живо на телевизијата Канал 7
Фотографија од интервјуто во живо на телевизијата Канал 7Фотографија: DHA

Опозицискиот лидер Киличдароглу беше меѓу првите кои му посакаа брзо закрепнување на Ердоган. „Ги пренесувам моите најдобри желби на господинот Ердоган“, напиша тој на Твитер неколку моменти по емитувањето на интервјуто.

 Утре турскиот претседател планира да присуствува на пуштањето во употреба на првата турска нуклеарна централа на јужниот брег на земјата. Терминот се смета за еден од најважните настапи на Ердоган во кампањата оваа недела.