1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Избори во Турција: предизвикувачите на Ердоган

Бурак Унверен
11 април 2023

На претседателските избори на 14 мај во Турција во трката се четворица кандидати. Долгогодишниот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се обиде да ги порази останатите тројца противкандидати.

https://p.dw.com/p/4Ps8q
Мухарем Инџе, Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу, Синан Оган
Мухарем Инџе, Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу, Синан Оган

Реџеп Таип Ердоган

Од градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998 година напредуваше до претседател на државата кој изгради претседателска палата. Овој 69-годишен политичар со Турција владее од 2002 година, кога на власта дојде како основач на умерената исламистичка Партија на правдата и развојот- АКП. Реџеп Таип Ердоган беше премиер до 2014 година и од тогаш е претседател од која позиција и си ја завврсти моќта на референдумот во 2017: сега ја контролира и политиката, бирократијата и правосудтсвото на начин без преседан во историјата. Уште во 2012 година го критикуваше концептот на поделба на власта кој го опиша како „пречка”.

Во последните години Ердоган е под притисок заради економската ситуација и сѐ поголемите ограничувања на човековите права и владеење на правото. Неговата партија актуелно е во коалиција со ултранационалистичката Партија за национално движење.

Негово право: Ердоган го потпишува указот за новиот датум за избори
Негово право: Ердоган го потпишува указот за новиот датум за избориФотографија: Burhan Ozbilici/AP Photo/picture alliance

Кемал Киличдароглу

Киличдароглу никогаш природно се наметна како надеж на опозицијата, но сепак на крајот се проби како кандидат на опозициската коалиција, т.н. „шесточлена маса”.

Овој 74-годишен политичар се смета за борец против корупцијата, а еден од неговите прекари е „демократски вујко”. Од 2007 година е лидер на Републиканската народна партија ориентирана кон кемалистичкиот секуларизам.

Најголемо ветување од Киличдароглу е дека Турција повторно ќе се трансформира, односно колку може да се вратат во првобитната форма сите уставни измени кои Ердоган ги спроведе за да си ја прошири  власта - парламентарна демократија, владеење на правото, слобода на говорот и медиумски слободи треба што поскоро да се воспостават и да се почитува поделбата на власта. Тој неодамна за ДВ најави дека како претседател ќе го укине кривичното дело „навреда на претседателот” што е кривично-правна клаузула која овозможи Ердоган денес да тужи серија луѓе. Во изборната кампања него ќе го поддржуваат и градоначалниците на Анкара и на Истанбул, Мансур Јаваш и Екрем Имамоглу. Судејќи според изјавите на курдските политичари, се очекува д добие и 15 до 20 проценти од курдските гласови.

Двајца успешни градоначалници Мансур Јаваш (градоначалник на Анкара-лево на фотографијата) и Екрем Имамоглу (фрадоначалник на Истанбул- десно на фотографијата) треба да ги зголемат шансите на Килиџдароглу (во средина)
Двајца успешни градоначалници Мансур Јаваш (градоначалник на Анкара-лево на фотографијата) и Екрем Имамоглу (фрадоначалник на Истанбул- десно на фотографијата) треба да ги зголемат шансите на Кемал Киличдароглу (во средина)Фотографија: Evrim Aydin/AA/picture alliance

Мухарем Инџе

Уште двајца политичари се кандидираат за претседател, но не се баш популарни со оглед на тоа дека кандидатурите предизвикаа многу критики во турското општество.

58-годишниот Мухарем Инџе веќе еднаш беше претседателски кандудат во 2018 година, кога изгуби од Ердоган, иако освои импресивни 30 проценти од гласовите.

Потоа ја напушти партијата ЦХП и ја основаше својата „Домашна партија”. Тој ја обвинува ЦХП дека пред 5 години недоволно го поддржале. Многумина го повикуваат да не се кандидира, но преговорите меѓу него и Киличдароглу сѐ уште не доведоа до тоа да ја повлече кандидатурата. Предизборните ветувања вклучуваат засилување на владеење на правото и слобода на медиумите што според него, исто така треба да доведе до подобрување на турската економија и на турзимот.

Синан Оган

Синан Оган е апсолутен аутсајдер на изборите, а го поддржува ултранационалистичкиот микропасртиски сојуз. Во 2011 година влезе во парламентот со МХП, кога сѐ уште не беше во коалиција со АКП, туку опозициска партија. Во 2015 година го исклучија што беше ревидирано по судски спор, но во 2017 година повторно е исфрлен заради тоа што „неговото однесување сериозно го нарушило единството во партијата” и тој во тоа време е обвинет за „сериозен недостаток на дисциплина во однос на претседателот на партијата”. Тогаш уште важеше за реален можен наследник на партискиот врв, но сега веќе нема реални шанси да биде избран.

Турската економија ја доживува една од најтешките кризи во својата историја
Турската економија ја доживува една од најтешките кризи во својата историјаФотографија: Dilara Senkaya/REUTERS

Неговат надворешнополитичка линија се чини сосем јасна: на пример ветува дека веќе нема да се слави Денот на независност на Грција и како ултранационалист истакнува дека Турција треба посебно внимание да посвети на турската држава.

Загрозување на изгледите за победа

Турците веќе имаат искуство и знаат дека неколку гласа може да ги чинат изборна победа. Ердоган во 1994 година беше еден од неколку кандидати за градоначалник на Истанбул. Додека сите четворица кандидати од неисламистички  ориентирани партии добија по 22, 20, 15 и 12 проценти од гласовите, Ердоган доби 25 проценти и така беше избран за градоначалник. Повторно во Турција се стравува дека неединството на опозицијата би можело и сега да доведе до тесна победа на Ердоган.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема