Октоберфест и коронавирус
27 септември 2022Реклама
Короната остави траги дури и на медените срца, кои традиционално се продаваат на Октоберфест. Наместо вообичаеното „Ich liebe dich" (Те сакам), на ова срце стои натпис: „Geimpft, getestet, genesen", односно т.н. пандемиско „правило 3 Г“ – „вакциниран, тестиран, прележан.“
Пред една година „правилото 3 Г“ беше услов да се учествува на некоја масовна манифестација, но годинава на Октоберфест не важат никакви ограничувања од ваков вид. За некои гости меѓутоа се чини дека медените срца не се единственото што го понесуваат од Октоберфест – во Баварија ковид инциденцата расте многу побрзо отколку во остатокот од земјата. Октоберфест во баварската престолнина Минхен се одржува од 17 септември до 3 октомври.