1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија испраќа СОС сигнали

28 декември 2022

Недостигаат наставници, медицински работници, нема лекови, доцнат возовите, дигитализацијата е бавна, а исто и борбата против климатските промени. Ова не се вести од третиот свет, туку од последниов месец во Германија.

https://p.dw.com/p/4LQvg
Преполна железничка станица во Хамбург
Преполна железничка станица во ХамбургФотографија: Eibner/imago images

Како за време на пандемијата на коронавирусот, Германија повторно се чини преоптоварена во многу аспекти. Овие десет вести од последниве денови укажуваат на земја, која пука по рабовите:

1.

Соопштението на Сојузната агенција за мрежите на крајот на ноември би требало да биде шокантно, но всушност никого не изненади. Операторите на мобилна телефонија, Телеком, Телефоника и Водафон годинава поставија предаватели за да затворат 95 “слепи точки” во Германија, места каде што едвај имаше мобилен сигнал.

Операторите се обврзаа годинава да затворат 500 такви дупки. Но, и натаму околу три проценти од територијата на Германија нема можност за прием на сигнал во 4Г/ЛТЕ или во 5Г формат.

2

На почетокот на декември мостот на автопатот 45 на западот на земјата имаше неславен роденден - полни година дена беше затворен за сообраќај поради оштетувања. Би требало да се сруши и да се направи нов, но со тоа уште не е ни почнато. Година дена возачите заобиколуваат и трошат часови во гужбите. Тоа е само еден од четири илјади мостово во Германија на кои им е потребно итно санирање. 

Илјадници мостови на германските патишта чекаат поправка
Илјадници мостови на германските патишта чекаат поправкаФотографија: picture-alliance/dpa/F. von Erichsen

3

Истовремено на Твитер еден новинар најави: „Брзите возови на линијата Хамбург-Берлин се толку преполнети што по 20 или 30 минити не можат да тргнат од станиците. Се движат со брзина на пешак, а мора од нив да излезат лицата вработени во Германска железница или патници кои немаат резервирано место за седење. Возрасни луѓе се кријат во тоалети и ги блокираат излезите со куфери.“

Клаус Веселски, шеф на Синдикатот на германските машиновозачи, во врска со ова вели: “Железничарите и јас се срамиме за ваквите услуги кои ги нудиме на општеството.“

Само 50 до 60% од возовите на долги дестинации стасува на време на станиците. Според вкупното време на каснење, оваа година е за германската железница најстрашната во историјата.

4

Во местото Хоенштајн Ернстал во Саксонија очајните родители на 12 декември му пишаа на министерот за култура бидејќи во едно средно училиште недостига наставнички кадар и тоа до степен да не се држи час по веронаука, а во други класови нема ни биологија, музичко и социологија.

Во германските школи има недостиг од 40 илјади кадри. Истовремено студија објавена неодамна покажува дека секој петти ученик воносновно училиште не го достигнува ни минимумот од бараното знаење по германски јазик и математика.

5

Рајнберг, 13 декември. Градската градинка повторно се затвора заради болест на персоналот и на една мајка и доаѓа преку глава од сето и го носи детето во општината да го остави да го чува градоначалникот додека е таа на работа. Тој збунет ја прима и сослушува. Му раскажала и за друга мајка кој претходниот ден не можела да прими хемотерапија заради тоа што немало кој да и го чува детето. Во моментот во германските градинки недостигаат преку сто илјади воспитувачи.

Хаотична состојба во германските болници
Хаотична состојба во германските болнициФотографија: Ina Fassbender/AFP/Getty Images

6

Истиот ден неименувана медицинска сестра за јавниот сервис ЦДФ зборува за тоа како изгледаат смените на работа: „Доживеав луѓе во ургентните центри да чекаат и по 40 часа за да бидат прегледани и едвај стигнуваме да ги поминеме сите во тој период. Кога ќе стигнеме до собата, некои таму лежат мртви иако не морало да излезе така.“

Само на одделенијата за интензивна нега недостига околу 50 илјади негуватели, а вкупно недостигаат околу стотина илјади. Тоа се покажа за време на бранот со респираторни инфекции кај децата - кревети има доволно, но околу 40% од капацитетите нема кој да ги згрижи. Децата често се носат во клиники во оддалечени градови.

7

Генерал мајор Рупрехт фон Батлер пишува бесно писмо до началникот на пешадијата на Бундесверот, а неделникот Шпигел го објави на 17 декември. Од 18 тенкови од типот Пума ниту еден не функционира. „Можеше да замислите како војниците сега ја проценуваат подготвеноста на Пумите, употребливоста на возилото е и покрај припремите како да нагаѓате бројчиња за лото.“

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт до тенк од типот Пума
Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт до тенк од типот ПумаФотографија: Philipp Schulze/dpa/picture alliance

Бундесверот уште пред две децении нарача 350 вакви тенкови по цена од 7,6 милиони евра од парче. До денес цената достигна 17 милиони евра, но и натаму не се употребливи за ништо. Таква проблематична набавка за наоружувањето на војската има со години - имапе проблеми со хаубиците, пушките, хеликоптерите и подморниците.

8

Сабота, 17 декември: дете има температура, го боли грло, има црвени крајници - во итната помош велат дека се стрептококи. Мајката бара по аптеки, ниту една нема пеницилин. На крајот лекот го набавува од друга мајка која има неотворено пакување дома - се нашле преку Ватсап група.

Моментално околу 330 лекови едвај може да се најдат во Герѓанија. Скоро никде нема обичен сируп за деца на база на ибупрофен и парацетамол.

9

Герд Ландсберг од Германската конференција на градови  во четвртокот (22 декември) коментираше дека законот според кој сите општини до крајот на годината мора да овозможат барањето за возачка дозвола да се поднесува дигитално, многу општини не го почитуваат. „Не е доволно да речеме дека сакаме онлајн, мора и да се обучат луѓето.“

Според степенот на дигитализација на јавната администрација во земјите на ЕУ и кандидатките за членство, Германија е дури на 21 од 35 европски земји.

На Германија и требаат уште 17.000 занаетчии за поставување топлински пумпи
На Германија и требаат уште 17.000 занаетчии за поставување топлински пумпиФотографија: picture-alliance/imageBROKER/A. Weißer

10

Сојузната агенција за електрично напојување предупредува дека топлинските пумпи и електрични автомобили би можеле да ја преоптоварат електричната мрежа. Стравот од блекаут е зголемен заради недостатокот на енергенси. Но, и на тие топлински пумпи кои се гледаат како спас за домаќинствата, се чека меѓу три и девет месеци. Ниту стигнуваат на време, ниту има доволно електричари кои знаат да ги вградат.

Велат дека на Германија и се потребни уште 17 илјади такви занаетџии ако сака да постави доволно пумпи.