1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инфлацијата во Германија веројатно нема да се зголемува

ЕМФ / ртр
10 јануари 2023

Шефицата на т.н. економски мудреци во Германија, Моника Шницер, оцени дека инфлацијата во земјата го достигнала својот врв.

https://p.dw.com/p/4LxoA
Инфлацијата во 2022 година беше рекордна
Инфлацијата во 2022 година беше рекорднаФотографија: Matthias Stolt/CHROMORANGE/picture alliance

Треба да се очекува намалување на цените на енергијата, што ќе значи и олабавување на стегите од порастот на цените, изјави за Ројтерс ТВ, Моника Шницер, шефица на т.н. економски мудреци (економски советници на владата, н.з.) во Германија. „Доколку не се случи нешто непредвидено, тогаш врвот (на инфлацијата, н.з.) е достигнат“, оценува Шницер.

Цените во 2022 година се зголемија како никогаш досега од постоењето на Сојузна Република Германија. Стапката на инфлација се зголеми во просек за 7,9%. Тоа беше резултат на скапите енергенси и прехранбени намирници, чии цени се вивнаа во височина поради руската инвазија на Украина. Стапката на инфлација беше највисока во октомври - 10,4%, по што во ноември падна на 10%.

Европската централна банка, според Шницер, треба да презема „одмерени“ чекори. Доколку состојбата со инфлацијата се релаксира, тогаш ЕЦБ не би требало да реагира претерано во однос на висината на каматите, уверена е Шницер.