1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран призна дека ѝ испорачал дронови на Русија

ЕМФ | дпа
5 ноември 2022

Иран првпат призна дека ѝ испорачал дронови на Русија пред војната во Украина.

https://p.dw.com/p/4J6ds
Ирански дрон от типот Шахед
Ирански дрон от типот ШахедФотографија: Ebrahim Noroozi/AP Photo/picture alliance

Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Амирабдолахијан изјави дека Исламската Република ѝ испорачала на Русија ограничен број дронови пред војната во Украина, јави иранската новинска агенција Ирна. Првиот дипломат на Иран меѓутоа демантира дека по почетокот на војната се испорачани дронови и ракети за Москва.

Киев и американската влада неодамна критикуваа дека во војната во Украина се употребуваат ирански камиказе-дронови. Се вели дека Техеран испратил и воен персонал на Крим за да ги обучи Русите за ракување со дроновите и да им даде техничка помош.

Техеран досега демантираше дека на Русија ѝ испорачал дронови. Пред една недела иранскиот министер за надворешни работи ја изрази својата подготвеност да разговара со Украина околу обвинувањата за употреба на ирански дронови во војната од страна на Русија.

Украинската армија, според сопствени наводи, веќе соборила стотици камиказе-дроновиод иранскиот тип Шахед-136. Се претпоставува дека Русија нарачала 2400 вакви дронови. Иран одржува добри односи со Русија. За да ги неутрализира западните снакции, Техеран се труди да одржува економска и воена соработка пред сѐ со Кина и Русија.