1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Крај на блокадата - Уставниот суд избра претседател

ДТЗ
4 јуни 2024

Во наредните три години на чело на судот ќе биде судијата Дарко Костадиновски. Со тоа е надмината кризата во судот кој изминатите денови не можеше да го избере наследникот на Добрила Кацарска

https://p.dw.com/p/4gd0Q
Уставен суд
Крај на блокадата - Уставниот суд избра претседателФотографија: Petr Stojanovski /DW

По десетина обиди, Уставниот суд сепак избра нов претседател. Во наредните три години на чело на судот ќе биде судијата Дарко Костадиновски. Ваквата разврска следи по блокадата на судот кој изминатите денови, по истекот на мандатот на досегашната претседателка Добрила Кацарска, не можеше да избере нејзин наследник. 

Повеќе безуспешни обиди 

Првично во трката влегоа судијката Ана Павловска-Данева и противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева. Но, уште во првите неколку обиди за гласање, стана јасно дека изборот нема да оди лесно. Тесната разлика во гласови, резултираше со повеќекратно гласање, коешто продолжи и во понеделникот (03.06) кога Данева ја повлече кандидатурата со цел да не се доведе државата во уставна криза.

Но, и тоа не и го отвори патот на нејзината противкандидатка, која повторно не успеа да добие мнозинство гласови. За неа во повеќе наврати гласаа петмина од колегите, а за да „помине“ неопходни се шест гласа. Во трката влезе и судијата Осман Кадруи, но и тој не го доби потребното мнозинство гласови.

Причината за поделеноста на гласовите, од Уставниот суд ја објаснија со тоа дека судиите гласаат по сопствено убедување и дека гласањето „за“ или „против“ е нивно лично убедување. Од судот најавија дека колективно ќе одлучуваат до избор на нов претседател, но експертите од областа на судството апелираа што поскоро да се надмине оваа вакуум ситуација.