1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милатовиќ ќе биде нов претседател на Црна Гора

Волфганг Фихтл | АРД
3 април 2023

Се смета за реформатор и има само 36 години: Јаков Милатовиќ од движењето „Европа сега“ е избран за нов претседател на Црна Гора. Со ова, по повеќе од 30 години, завршува ерата на Мило Ѓукановиќ.

https://p.dw.com/p/4PcCG
Црна Гора Јаков Милатовиќ претседател избори
Јаков Милатовиќ слави по соопштувањето на првичните резултати од претседателските избориФотографија: Marko Djurica/REUTERS

Крај на една ера во малата Црна Гора: по повеќе од 30 години на власт - последно како претседател - Мило Ѓукановиќ загуби на изборите. Според последните проекции, јасен победник на вториот круг на изборите за претседател е 36-годишниот Јаков Милатовиќ, кандидат на младото движење „Европа сега“.

Милатовиќ профитираше од промената на расположението на 540.000 граѓани со право на глас. По првиот круг тој заостануваше, но во вториот круг не беше поддржан само од неговите сопствени проевропски настроени поддржувачи, туку и од оние на просрпските партии и оние на Српската православна црква, која е контролирана од Белград.

Црна Гора Мило Ѓукановиќ избори
Долгогодишниот владетел Мило Ѓукановиќ загуби на изборитеФотографија: Stevo Vasiljevic/REUTERS

Милатовиќ студирал економија во САД. Во Европа работел во Дојче банк во Франкфурт и во Европската банка за обнова во Лондон. Тој се смета за реформатор, кратко време беше министер за економија во Црна Гора и победи на изборите за градоначалник во главниот град Подгорица, кој долго време важеше за упориште на Ѓукановиќ.

Смената на долгогодишниот владетел Ѓукановиќ од страна на досега непознатиот млад политичар Милатовиќ веројатно ќе има влијание и на парламентарните избори во јуни. Со оглед на тоа што политичките табори меѓусебно се блокираат, во моментов во Црна Гора има преодна влада. Милатовиќ и неговото движење „Европа сега“ сакаат да го променат тоа, а сакаат и да ги забрзаат преговорите со ЕУ за пристапување, кои се одолговлекуваат веќе 11 години.