1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Медиуми: Украина сепак ќе добие ракети АТАЦМС од САД

ЕМФ / дпа
23 септември 2023

САД наскоро би можеле да ѝ дадат на Украина ракети АТАЦМС со долг дострел, јавуваат американски медиуми.

https://p.dw.com/p/4WifM
Ракети АТАЦМС
Ракетите АТАЦМС гаѓаат од земја кон цели на земја и се многу прецизниФотографија: U.S. Army/Avalon/Photoshot/picture alliance

Весникот „Вашингтон пост“ и телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на инсајдерски информации, јавуваат дека американската влада наскоро на Украина ќе ѝ достави ракети со долг дострел АТАЦМС.

Според „Вашингтон пост“, станува збор за варијанта на АТАЦМС-ракета која може да биде наполнета со распрснувачка муниција. Ен-Би-Си Њус информираше дека американскиот претседател Џо Бајден му ветил на украинскиот претседател Володимир Зеленски „мал број“ АТАЦМС-рактеи.

За ваквите информации досега нема потврда од американската влада. „Немам што да најавам“, одговори портпаролка на Белата куќа на брифинг со новинарите во врска со оваа тема. Сепак, таа додаде дека во минатото секогаш се потенцирало оти прашањето на испорака на АТАЦМС-ракети не е тргнато до дневен ред.

Украина од Вашингтон долго време бара ракети АТАЦМС од производителот Локхид Мартин со дострел до 300 километри. Тие гаѓаат од земја кон цели на земја и се многу прецизни. Поновите модели може да се управуваат, постарите не. Поради нивниот дострел, тие често се споредуваат со германските крилести ракети „Таурус“, какви што Киев исто така бара од своите сојузници. Тие се погодни за уништување бункери и заштитени борбени пунктови оддалечени до 500 километри. Постои загриженост дека со овие два вооружени система ќе може да се гаѓаат цели во Русија. Киев ги отфрла ваквите грижи како неосновани.