1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Дали Украина смее да ја напаѓа Русија?

Бернд Ригерт
7 август 2023

Според меѓународното право, во војна нападнатите можат да се бранат. Но, западните сојузници кои ја поддржуваат Украина, бараат од неа за противнапади на територија на агресорска Русија да го користи само своето оружје.

https://p.dw.com/p/4UgBk
Москва  напад со дрон Русија
Зграда во Москва оштетена од напад со дронФотографија: AP Photo/picture alliance

Додека руската војска масивно и непрекинато напаѓа цивилни цели во Украина со ракети и беспилотни летала, во Германија се води дебата за тоа дали Украина смее и како да напаѓа цели во Русија. Повод за тоа беше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленскидека војната постепено се враќа во Русија. Во текот на викендот две беспилотни летала стигнале до Москва, каде предизвикале помала штета. Зеленски потоа изјави дека нападите на воени цели и симболички центри на моќта на Русија се „неизбежен, природен и апсолутно фер процес“. Во вторникот вечерта (1.08.) се случи уште еденнапад со дронови врз Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски: Војната се враќа во РусијаФотографија: Ukrainian Presidential/ZUMA Wire/IMAGO

Смее ли Украина да напаѓа цели на руска територија?

Според меѓународното право, нападната држава може да се брани. „Во дадени околности, кога постои руски напад преку граница, Украина има право да се брани. Ова право вклучува и воени напади на руска територија за да се одврати, спречи или запре актот на агресија“, објаснува американскиот професор по право и бивш дипломат Давид Шефер, кој предава на Универзитетот Аризона во државата Вашингтон.

Овие напади исто така можат да се одвиваат длабоко во позадината и не се ограничени на непосредна линија на фронтот.Но, напади врз цивилно население не се дозволени. Со меѓународното право се покриени и напади врз територијата под руска окупација,како што е полуостровот Крим, кој правно ѝ припаѓа на Украина, исто како и врз бродовите на руската воена морнарица во Црно Море.

Со кое оружје Украина смее да напаѓа цели во Русија?

Во принцип, допуштена е употреба насите соодветни оружја, дронови, ракети, авиони, крстосувачки проектили. Меѓутоа, постојат политички договори меѓу украинското раководство и сојузничките држави, да не се користи оружје од западно производство за напади длабоко во позадината. Членките на НАТО стравуваат дека Русија тоа би можела да го искористи како изговор за натамошна ескалација на војната.

Шефот на американскиот генералштаб Марк Мили во мај изјави дека постои јасен договор оти американско оружје нема да биде користено на руска територија. „Ова е украинска војна. Тоа не е војна меѓу САД и Русија. Не е војна меѓу НАТО и Русија, ова е војна меѓу Русија и Украина. Ние поддржуваме и опремуваме, помагаме, советуваме и обучуваме. Но, ова не е наша директна војна со Русија.“

До каде досегаат ограничувањата во користење западно оружје?

Црвената линија која ја повлекоа САД, другите држави поинаку ја толкуваат. Велика Британија и Франција ја опремија Украина со крстосувачки проектили, кои крајно можат да продрат длабоко и во руска територија за да ги нападнат руските воени снабдувачки бази и касарни. „Решивме да испорачаме нови проектили, кои на Украина ќе ѝ овозможат длабински удари“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на НАТО на почетокот на јули.

Дометот на артилеријата која Украина сега ја добива од западните земји постепено се зголемуваше. Со артилерија со долг домет се напаѓаат позициите на руската војска и аеродромите од кои се испалуваат ракети. Украинскиот амбасадор во Германија, Олексиј Макеиев бара Берлин да испорача и крстосувачки ракети, но германскиот министер за одбрана Борис Писториус тоа засега го одбива.

Дали државите кои испорачуваат оружје ќе станат „страна во војната?“

Во меѓународното воено право не е сосема јасно каде е прагот на кој една држава станува страна во војната. Многу експерти сметаат дека испораката на оружје само ѝ помага на Украина во самоодбраната. Поради тоа државите кои го испорачуваат не влегуваат директно во војната. Но, спорно е дали обуката на украински војници за ракување со западно оружје веќе претставува активно учество во војната.

Одеса руски ракетен напад
Станбена зграда погодена од руска ракета во украинското пристаниште ОдесаФотографија: Cover-Images/IMAGO

Кога државите кои на Украина ѝ обезбедуваат оружје би имале диретно влијание на користењето на оружје со долг домет и одбирање цели во Русија, тогаш, според мислење, на многу правни стручњаци, заедно со Украина активно би остварувале „колективно право на самоодбрана“ и со тоа би учествувале во војната. Истото важи и кога САД, Полска или која било држава би испратила свои трупи на фронтот, или ако дојде до интервенција на воздушните сили на западните земји.

Што значи да се биде „учесник во војна"?

Русија уште сега смета дека многу земји од НАТО,кои ѝ испорачуваат оружје на Украина, се учеснички во војната. Пред повеќе од една година, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, за помагачите на Украина во Москва изјави: „Тоа се непријателски држави. Зашто, она што сега го прават е водење војна.“

Руски политичари повеќепати се закануваа дека Русија би можела да биде присилена да користи нуклеарно оружје за да се одбрани од Западот. Руското раководство би можело дополнително да ја ескалира војната и со напади на земји кои на Украина ѝ доставуваат оружје. Такво сценарио Западот сака да избегне по секоја цена.

Бахмут Украина војна
Правно гледано, војна владее не само на фронтот, како овде во Бахмут, туку на цела територија на агресорот Русија и напданатата УкраинаФотографија: 3rd Assault Brigade/ Ukrainian Armed Forces Press Service/REUTERS

Како на сево ова гледа Европската унија?

На прашање на Дојче веле, портпаролката на Европската комисија Набила Масрали изјави дека не е познато дали дроновите во близина на Москва навистина долетале од Украина. Изјавите на Русија не се веродостојни. „Русија не би требало да ги користи овие инциденти како уште една причина за ескалација на својот незаконски и варварски напад врз Украина и нејзиниот народ“, изјави Набила Масрали во Брисел.

Освен тоа, додаде таа, јасно е дека Украина има секакво право на самоодбрана и договорено е оружјето кое го финансира ЕУ да може да се користи само за самоодбрана.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија