1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Mашини за лажни вести

Јулија Вергин
15 октомври 2017

Ширењето лажни вести со помош на алгоритми е вносен бизнис. Еден од последните примери беше масакрот во Лас Вегас, по кој на интернет почнаа да кружат теории на заговор и гласини и тоа многу побргу од сериозните извештаи

https://p.dw.com/p/2lGvY
USA Massenmord in Las Vegas
Фотографија: Reuters/M. Blake

Едно истражување на Лондонската школа за економија (ЛСЕ) упатува на широк спектар лажни вести. Според оценката на ЛСЕ кон нив не припаѓаат само свесно измислени содржини, туку и едностраното известување, чија цел е читателот да го насочи во определена насока. Истражувачите и гласините ги сметаат за дел од лажните вести.

Бргу може да се набројат официјалните информации на пример за нападот во Лас Вегас. Убиени беа најмалку 59 лица. Повеќе од 500 беа повредени. Атентаторот Стивен Падок се самоуби. Нејасно е кој бил неговиот мотив. Толку за информациите кои се официјално потврдени. 

Речиси истовремено со првите вести за смртоносните истрели во коцкарската метропола, на интернет започнаа да кружат првите гласини и лажни вести. Тие имаа далеку повеќе прегледи од сериозните извештаи во медиумите, кои се засноваа на факти. Зошто? Кој е одговорен за тие лажни вести и зошто тие се шират толку бргу?


10 Jahre Hashtag
Фотографија: picture-alliance/picturedesk.com/H. Fohringer

Што се тврди?

За атентатот во Лас Вегас, кружеа многу гласини и лаги. Особено  крајно десничарската сцена шпекулираше дали Падок бил исламист или можеби левичарски радикал, кој го мрази Трамп. Онјалн порталот  silenceisconsent.com  така отворено прашуваше дали Падок бил член на антифашистичкото движење Антифа.

Според податоците на полицијата, Падок сам го извршил нападот. На социјалните мрежи меѓутоа настојчиво се шири теоријата дека пукало уште најмалку едно лице. Како доказ за таквите тврдења на групи каква што е  The People´s Voice ( Гласот на народот) шират информации, кои содржат видео-снимки на корисниците. Веродостојноста на тој материјал меѓутоа таму не ја доведуваат во прашање.

Во случајот на Лас Вегас на гигантите од Силиконската долина како Гугл, Фејсбук и Твитер им се префрла дека недоволно го спречиле ширењето на лажни вести или дури и оти придонесле во тоа. Корисниците, кои за масакрот се информираа преку Гугл со часови беа упатувани на линкот на порталот 4chan, каде се тврдеше дека атентатор е Гири Денли, поранешен маж на девојката на Падок.  4chan е познат по ширењето члажни информации и теории на заговор по масовни убиства или терористички напади.

USA - Schießerei in Las Vegas - Polizeieinsatz
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ralston

Некои други портали, специјализирани за ширење лажни вести, како The Gateway Pundit, пронајдоа начин како да ги пласираат своите содржини на социјалните мрежи. на професионалните создавачи на лажни вести постојано им поаѓаше од рака да ги злоупотребат алгоритмите на Гугл, Фејсбук и останатите, за во прв план да ги исфрлат сопствените лажни вести и да овозможат нивно ширење. Притоа Фејсбук, дури ова лето, најави дека планира да развие алгоритам, кој успешно ќе го блокира ширењето на лажни вести.

Бизнис со лаги

Со лажни вести можат да се заработат многу пари. Истражувањето на компанијата за производство на софтвер опфати бројни страници на даркнет- еден вид интернет подземје каде речиси е невозможно да се открие индентитетот на корисникот. На даркнет како услуга се нуди и ширењето лажни вести. Така што една кампања која има за цел да предизвика јавни протести чини околу 200 илјади долари. Еден новинар можете да го дискредитирате за 55 илјади долари. Пакетот опфаќа вообичаени лажни профили и групи на социјалните мрежи, кои шират лажни вести.

Еден друг извор на заработувачка е некој вид онлајн-реклама, покажува истражувањето на лондонската школа за економија. Притоа се шират соодветни визуелни содржини, кои гарантираат голем број кликови. Вистинитоста на содржините е помалку важна. Тие програмирани реклами автоматски се шират со помош на алгоритам. И тоа е една од причините зошто лажните вести за нападот во лас Вегас се ширеа далеку побрзо од, да речеме, извештаите на Њујорк Тајмс.

Shift KW17
Фотографија: SWR

Зошто успеваат лажните вести?

Психологот Катарина Кацер објаснува дека луѓето поради големото количество на информации на порталите и на социјалните мрежи многу површно се однесуваат кон информациите. „Познато е дека на интернет се прочитува само 10 до 15 проценти од целокупната содржина. Сето останато се запоставува“. Тоа и незаинтересираноста содржините да се проверат се причините за тоа зошто луѓето се толку подложни на прифаќање на лажните вести.

„Кога ќе пронајдеме нешто на интернет, секогаш бараме познати когнитивни структури и дозволуваме тие да не насочуваат“, вели Кацер. Тој селективен пристап води кон тоа да им се верува на лагите. Едноставно затоа што тоа го потврдува сопственото гледиште на нештата.