ПанорамаГрција
Незапаметен помор на риби во Грција
30 август 2024Реклама
Речиси 100 тони мртви риби го затрупаа пристаништето во грчкиот град Волос, како и околните реки. Експертите сметаат дека поморот на рибите е поврзан со минатогодишните големи поплави.
Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос вели дека се работи за еколошка катастрофа од невидени размери со големи последици за јавното здравје. Плажите во околината на Волос се затворени.
Разорните дождови минатата година поплавија над 20.000 хектари земјиште во регионот. Слатководните риби од околното езеро се раширија низ поплавената површина, но откако водата се повлече тие завршија во морето каде најголемиот дел умреа поради недостаток на кислород и неможност да преживеат во солената вода.