1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураГерманија

Отворен Октоберфест 2024 - „најзелен“ досега

Стјуарт Браун | агенции | СН
21 септември 2024

Точно во 12 часот во Минхен со традиционалното отворање на првото буре пиво започна 189. Октоберфест. Најголемиот фестивал во светот продолжува со својата мисија да биде што поодржлив и климатски неутрален.

https://p.dw.com/p/4kvRV
Илјадници вљубеници во Октоберфест ги наполнија фестивалските шатори и започнаа да уживаат во фестивалското пиво
Илјадници вљубеници во Октоберфест ги наполнија фестивалските шатори и започнаа да уживаат во фестивалското пивоФотографија: Angelika Warmuth/REUTERS

Протече пиво! Отворен е Октоберфест 2024. Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер (СПД) со само два удари церемонијално го  отвори првото буре пиво точно во 12 часот, со што го го означи свеченото отворање на прочуениот фестивал. Илјадници вљубеници во Октоберфест меѓутоа уште од 9 часот започнаа да ги полнат фестивалските простор и шатори во обид да го започнат славјето што е можно побргу. 

Над 6 милиони посетители се очекува да ги преплават пивските сали во главниот град на покраината Баварија во Германија, за време на Октоберфест 2024, кој ќе трае повеќе од две недели.
Ова ќе биде 189-то издание на светски познатиот и култен фестивал. Тоа е успешен бренд: бучните гости, како и секоја година, ќе испијат повеќе од 5,6 милиони литри пиво - добиено од шест локални пиварници - и ќе изедат тони салата од компир, кисела зелка и печено говедско месо. Но, оваа голема забава не застанува тука, туку продолжува да го подобрува имиџот во согласност со времето.

Стара забава во позелено руво

Октоберфест долго време се обидува да го намали своето влијание врз животната средина со прифаќање на чиста енергија и сортирање и рециклирање на огромни количини отпад - дури и отпадот од кујната и храната се собира одделно и се компостира.
Прекумерната потрошувачка на алкохол, храна и енергија на саемот во Минхен се компензира со речиси ексклузивната употреба на обновлива електрична енергија, произведена од сончева енергија и ветер. Фестивалот тврди дека е на пат кон јаглеродна неутралност, намалувајќи ги емисиите кои придонесуваат за климатските промени.
Чиниите и приборот за еднократна употреба, кои не можат да се рециклира, беа забранети во 1990-тите години, додека продажбата на пијалоци во лименки е, исто така, забранета - посетителите на фестивалот плаќаат депозит за стаклените кригли за пиво, кои се мијат пред враќањето на повторна употреба.

Октоберфест - назад во времето

Се чини дека овие мерки функционираат. Службата за чистење улици во Минхен соопшти намалување за две третини во чистењето и отстранувањето на отпадот за помалку од 15 години - од 247 тони во 2008 година на 88 тони во 2022 година.

Транзиција кон органско и климатски неутрално

Организаторите на Октоберфест сега промовираат и органска, локална и вегетаријанска храна, како и производи кои имаат релативно низок јаглерод. Се разбира, и пивото е локално - и сè поскапо.
Локалните, органски производи без хемикалии беа користени во сите јадења на настанот во 2023 година - од класично печено пилешко до пржени бадеми, колбаси и кифлички со бифтек, како и чоколадни банани и вафли. Продавачите се охрабруваат да продаваат само регионални и еколошки одржливи производи, кои можат повторно да се користат или рециклираат, и да користат соларни панели или електрични возила.
Минатата година беше најавено дека петнаесет од најголемите пивски сали на саемот ќе станат климатски неутрални во рок од пет години - а можеби дури и три - со намалување на емисиите на јаглерод диоксид, вклучувајќи и додавање на повеќе органски, вегетаријански, па дури и вегански јадења во менијата.
Во меѓувреме, познатите возења на саемот во Минхен, исто така, стануваат еколошки. Големиот рингишпил кој дебитираше на Октоберфест во 2023 година е повеќекатен рингишпил со гондоли и коњи, придвижуван од мотор со без емисија на гасови.

Големите фестивалски шатори наскоро сакаат да бидат климатски неутрални
Големите фестивалски шатори наскоро сакаат да бидат климатски неутралниФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Што треба да знаете за Октоберфест