1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претрес на канцеларијата на европратеникот Кра

ЕМФ / дпа
7 мај 2024

Сојузното германско обвинителство издаде налог за претрес на канцелариите на европратеникот на АфД, Максимилијан Кра во Брисел. Мерката е поврзана со наводите за шпионажа против еден соработник на Кра.

https://p.dw.com/p/4fa1p
Максимилијан Кра АфД
Максимилијан Кра е европратеник од редовите на германската деснопопулистичка партија АфДФотографија: Jean-Francois Badias/AP Photo/dpa/picture alliance

Поради обвинувањата за шпионажа против поранешен соработник на европратеникот на деснопопулистичката партија АфД, Максимилијан Кра, германското Сојузно обвинителство издаде налог за претрес на канцеларијата на овој политичар во Брисел. Според соопштението на Обвинителството, Европскиот парламент дал согласност за тоа. Канцеларијата на Кра, како што се нагласува, е претресена затоа што Кра во случајот е сведок, а не обвинет.

Поранешниот соработник на Кра, Џиан Г., кој има кинеско потекло, е осомничен дека шпионирал за Кина, односно дека шпионирал кинески дисиденти во Германија и дека на кинеска тајна служба ѝ пренесувал информации од Европскиот парламент. Тој за Кра работел од 2019 година, а беше уапсен во Дрезден на 22 април годинава. Во меѓувреме, осомничениот е во истражен затвор. 43-годишниот Џиан Г. во Германија дошол во 2002 година и прво студирал во Дрезден, а пред да стане соработник на Кра, бил активен како бизнисмен. Истовремено, тој се ангажирал и во организации на кинески дисиденти, веројатно со цел за шпионажа. Џиан Г. во меѓувреме има германско државјанство.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема