1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија ќе го продолжи договорот за украинско жито

ЖА / агенции
14 март 2023

Русија е подготвена да го продолжи договорот за извоз на украинско жито со Украина, но само за 60 дена. Тоа е двојно пократко од претходниот план, а Москва поставува и услови.

https://p.dw.com/p/4OdUW
Жито, Украина
Украинско житоФотографија: picture alliance / NurPhoto

Русија се согласи на продолжување на договорот за натамошен извоз на украинското жито преку трите украински пристаништа на Црното Море, но на рок од само 60 дена, како што стои во соопштение на заменикот министер за надворешни работи, Сергеј Вершињин. Тоа синоќа е објавено на веб-страницата на руската амбасада во Женева, каде руски претставници вчера (13.3.) преговараа со ОН.

Договорот познат како Црноморска иницијатива, склучен во јули 2022, година содржеше и ветување на ОН да се погрижат за олеснување на рускиот извоз на жито и пред се` вештачки ѓубрива, што западните санкции го отежнуваат.

Договорот би истекол за неколку дена

Согласноста за натамошно продолжување, според Вершињин,Москва ја условуватокму со напредокот во овој аранжман, инсистирајќи на олеснување на банкарските плаќања, транспортната логистика и осигурувањата на рускиот извоз. Москва опстојува и на барањето за повторно профункционирање на рускиот цевковод за амонијак, кој поминува низ Украина, а од нападот врз соседната држава во февруари 2022 година не е во функција.

Договорот за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа, постигнат со посредство на ОН и на Турција, имаше важност од 120 дена и за уште толку еднаш веќе беше продолжен, но истекува на викендов. Преку спогодбата, околу 23 милиони тони жито стигнаа на светскиот пазар, од што корист имаа посебно најсиромашните држави.

Договорот требаше да биде продолжен за дополнителни 120 дена

Преговорите водени во Женева фактички предвидуваа продолжување на Црноморската иницијатива за 120 дена, а украинската страна го оцени рускиот предлог за рок од 60 дена како кршење на првичната спогодба.

Заменикот украински премиер Олександр Кубраков на Твитер напиша дека ќе ја сочека официјалната позиција на ОН и на Турција како учесници во постигнување на договорот. ОН пак ја потврдија својата поддршка на договорот како „дел од глобалната реакција на најтешката егзистенцијална криза во последните децении.“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи