1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД: На Украина ѝ се испраќаат пари од руски олигарх

ЕМФ | афп
4 февруари 2023

Американскиот министер за правда Мерик Гарланд објави дека на Украина ѝ се испраќаат пари запленети од влијателен руски олигарх.

https://p.dw.com/p/4N6Bx
Мерик Гарланд, министер за правда на САД
Мерик Гарланд, министер за правда на САДФотографија: Kevin Lamarque/REUTERS

Парите запленети од влијателниот руски милијардер Контантин Малофејев одат во американското Министерство за надворешни работи „за поддршка на украинскиот народ“, изјави американскиот министер за правда Мерик Гарланд за телевизијата Си-Ен-Ен. При објавувањето на оваа вест, во Вашингтон престојуваше и украинскиот главен обвинител Андриј Костин. Според него, на Украина ќе ѝ бидат префрлени 5,4 милиони долари (околу 4,7 милиони евра), кои ќе бидат искористени за „обнова“ на земјата.

Гарланд информираше дека имот на Малофејев е запленет во април 2022 година, откако против него е подигнато обвинение за заобиколување на постоечките санкции. Тогаш американското Министерство за правда објасни дека милијардерот се обидел да ги заобиколи санкциите за „тајно“ да купува медиуми во Европа. Малофејев важи за еден од најважните финансиери на проруските сепаратисти во источна Украина.

Константин Малофејев
Имот на Константин Малофејев во САД е запленет во април 2022 годинаФотографија: Gavriil Grigorov/TASS/dpa/picture alliance

„Сите Украинци страдаа во оваа војна, на овој или оној начин“, напиша украинскиот обвинител Костин на Твитер во врска со најавениот трансфер на пари од страна на Вашингтон. Според него, „наша обврска е да се погрижиме украинскиот народ да добие обесштетување за вкупната, енормна штета“. Заедно со одговорноста за војната на Русија, оди и тоа „извршителите за платат за нанесената штета“, подвлече Костин.

- повеќе: Мистериозна серија на смртни случаи меѓу руските олигарси

Од почетокот на руската инвазија на Украина, САД донесоаголем број санкции против руски компании или граѓани. Дел од казнените мерки е и замрзнување на имотот во САД на лицата кои се под санкции. Освен тоа, на американските банки им се забранети секакви интеракции со субјектите под санкции.