1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

СБ на ОН ОН повикува на итни хуманитарни паузи во Газа

ЖА
16 ноември 2023

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која повикува на итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас, како и на итни хуманитарни паузи и коридори ширум Газа заради заштита на цивилите.

https://p.dw.com/p/4YrNA
Советот за безбедност на ОН
Советот за безбедност на ОН повикува на итни хуманитарни паузи во ГазаФотографија: Loey Felipe/XinHua/dpa/picture alliance

По четири неуспешни обиди и долги дискусии, најмоќното тело на ОН во Њујорк договори заедничка резолуција. Од 15 држави членки на Советот за безбедност на ОН за текстот гласаа 12, а САД, Русија и Велика Британија беа воздржани. Резолуциите на Советот за безбедност на ОН се обврзувачки според меѓународното право.

Резолуцијата која ја претстави Малта, меѓу другото бара „итни и продолжени  хуманитарни паузи  и коридори“ во Газа во „доволен број денови“ за да се овозможи целосен, брз, сигурен и непречен пристап на хуманитарните организации и партнери на ОН за да се обезбеди хуманитарна помош во согласност со меѓународното право.

Текстот главно се фокусира на страдањата на палестинските малолетници. Во него се изразува „длабока загриженост поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа и нејзиното сериозно влијание на  цивилното население,  посебно на децата."

Советот за безбедност на ОН „повикува на итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и други групи, посебно деца, како и на обезбедување на моментален хуманитарен пристап.“

Од сите страни во судирот се бара придржување кон меѓународното право,  се отфрла присилно преселување на цивилно население и се бара на луѓето во Газа да не им бидат скратени услуги од витално значење.

Израел повтори дека „продолжено хуманитарно примирје“ во Појасот Газа не е на маса додека не бидат ослободени сите заложници кои ги киднапираше Хамас во текот на терористичките напади на 7 октомври.

Брет Џонатан Милер, заменик на постојаниот претставник на Израел во ОН, изјави во текот на состанокот дека резолуцијата „нема врска со реалноста на терен“ и дека „е глува кога е во прашање Хамас и други терористички организации.“ Тој напомена дека  Советот за безбедност на ОН  се состана десетина пати во шест недели од „варварската инвазија“ на Хамас врз Израел и ниеднаш не ја осуди.

Израел во документот не се споменува по име директно, а  исламистичкиот Хамас,  кој го нападна Израел на 7 октомври и изврши масакр над цивилите со околу 1200 мртви, во текстот на резолуцијата се споменува поименично само кога се бара ослободување на израелските заложници.

Се` до гласањето беше неизвесно дали САД, најблискиот сојузник на Израел, ќе го толерираат  усвојувањето на резолуцијата.  Вашингтон во октомври стави вето на еден нацрт, зашто меѓу другото не го истакнуваше правото на Израел на самоодбрана.

Сега усвоената резолуција не се занимава со тоа, ниту има било каква осуда на масакрот на Хамас од 7 октомври.