1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Средба на Г7 во Јапонија: Јасни пораки за Русија и за Кина

СН/агенции
18 април 2023

Шефовите на дипломатии на Г7 од Јапонија се обратија кон Кина и Русија со невообично јасни зборови, Пекинг мора да ја прекине својот агресивен стремеж за моќ. И има уште еден сигнал за стоп-за шефот на Кремљ, Путин.

https://p.dw.com/p/4QDpF
Групна фотографија на шефовите на дипломатии на земјите од Г7 во Јапонија
Групна фотографија на шефовите на дипломатии на земјите од Г7 во ЈапонијаФотографија: Andrew Harnik/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Шефовите на дипломатиите на Групата седум најбогати либерални демократии се договорија за посилни и построги санкции против Москва и соопштија дека се обединети во борбата против руската инвазија на Украина.

Шефовите на дипломатијата на Г7 се собраа вчера во јапонскиот туристички град Каруизава, а во фокусот на нивните разговори беа зголемените притисоци на Кина врз Тајван и војната во Украина.

Во денешното соопштение беа наведени обврските како што е договорот да се зборува поостро за зголемената кинеска и севернокорејска агресија во североисточна Азија.

Сепак, во фокусот на тридневниот самит во јапонското одморалиште беше руската инвазија врз Украина.

„Војната и другите злосторства, како руските напади врз цивили и цивилната инфраструктура, не смеат да останат неказнети“, рекоа министрите.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок (во средината) со нејзините колеги од Канада и Јапонија
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок (во средината) со нејзините колеги од Канада и ЈапонијаФотографија: Andrew Harnik/REUTERS

Во соопштението се додава дека државите остануваат посветени на воведување построги санкции против Русија и пружање поддршка на Украина во мерка до која е потребно.

„Неодговорната нуклеарна реторика на Русија и нејзината закана за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија се неприфатливи“, рекоа министрите.

Состанокот на министрите за надворешни работи треба да го подготви теренот за самитот на шефовите на државите од Г7 во мај, во Хирошима, Јапонија.

Министрите на Г7 од Јапонија, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Канада, Италија и од Европската унија истакнаа дека нивната средба во Каруизава означила клучен момент во одговор на светот на двете кризи.

Тие соопштија дека мирот и стабилноста меѓу Кина и Тајван се „неопходен елемент за безбедноста и за просперитетот во меѓународната заедница“ и повикаа на „мирно решавање на прашањата преку теснецот“.