1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Англија: Или вода за пиење или зелени градини

СН/агенции
17 август 2022

Поради невидената суша, компаниите за водоснабдување во Англија воведуваат забрани за наводнување на градините. Денеска тоа го стори и главниот водоснабдувач на метрополата Лондон и околината.

https://p.dw.com/p/4Feyh
Исушените тревници на лондонскиот Хајд парк
Исушените тревници на лондонскиот Хајд паркФотографија: Vuk Valcic/ZUMA Wire/IMAGO

Тејмс Вотер, компанијата за водоснабдување кој ги опслужува клиентите во и околу британската престолнина Лондон, денеска соопшти дека од 24 август им забранува на клиентите да користат црева за наводнување на градините, поради долгиот сушен период. 

Велика Британија официјално прогласи состојба на суша во делови од Англија во петокот по најсувиот јули во Англија во последните 90 години, месец во кој и температурите на воздухот за првпат во историјата надминаа 40 Целзиусови степени (104 Целзиусови степени).

Повеќе: Нискиот водостој на европските реки ја загрозува економијата и екосистемите

„Со прогнозата за слаби врнежи за наредните месеци, сега треба да го направиме следниот чекор во нашиот план за сушен период“, се вели во соопштението на компанијата објавено на нејзината веб-страница.

Количеството на вода кое истекува од изворите на реката Темза од кои во најголем дел со вода за пиење се снабдува британскиот главен град Лондон е на најниско ниво по децении
Количеството на вода кое истекува од изворите на реката Темза од кои во најголем дел со вода за пиење се снабдува британскиот главен град Лондон е на најниско ниво по деценииФотографија: Peter Nicholls/REUTERS

„Сѐ што правиме сега ќе помогне да се заштитат залихите на вода за пиење за наредното лето и да се помогне на животната средина", соопштија од компанијата.

Тејмс Вотер е последната од неколкуте компании за водоснабдување во Англија која воведе таква забрана, која вклучува спречување на клиентите да користат црево за да ја наводнуваат градината, да ги мијат автомобилите или да ги полнат гумените базени во нивните дворови.

Исправени пред изборот: вода за пиење или зелени градини, голем број хортикултурни експерти во Англија веќе бараат да се преиспита начинот на кој се управува со водата за наводнување во прочуените англиски зелени градини.