1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиљановска-Давкова повторно го разгоре спорот за името

БГ
13 мај 2024

Одлуката на Гордана Сиљановска-Давкова да не го употреби уставното име на земјата при полагањето заклетва во Собранието предизвика контроверзи, и ја налути Грција, јавуваат агенциите.

https://p.dw.com/p/4fmM0
Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-ДавковаФотографија: Ognen Teofilovski/REUTERS

Новата претседателка на Северна Македонија предизвика контроверзи на инаугурацијата, пишува агенцијата Франс Прес (АФП).

„Првата жена претседателка на Северна Македонија положи заклетва во неделата, но новата националистичка лидерка ја налути Грција затоа што во заклетвата не го употребуваше новото име на државата, наведува АФП.

Агенцијата потсетува дека земјата го сменила името во 2018 година по историскиот компромис со Грција, „но Сиљановска-Давкова и нејзината партија, националистичката ВМРО-ДПМНЕ, се спротивставија на договорот и одбиваат да го користат новото име."

Читајќи го текстот на заклетвата во неделата во Собранието, Гордана Сиљановска-Давкова рече дека „ќе ги почитува Уставот и законите и ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија“.

Официјалниот текст на нејзиното обраќање го вклучуваше името Северна Македонија, наведува АФП.  

Разгорен спор  

Германскиот јавен сервис, АРД јавува дека новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, „уште на инаугурацијата, повторно го разгоре стариот спор за името со Грција."

„Наместо 'Северна Македонија', како што ја нарекуваат земјата од договорот со Грција, таа во својата заклетва го употреби старото име на државата 'Македонија'," пишува АРД.

Германската новинска агенција ДПА јавува и дека грчката амбасадорка во земјата ја напуштила собраниската сала во знак на протест. 

Сиљановска-Давкова Македонија
Асосиејтед прес констатира дека Сиљановска-Давкова „веднаш предизвикала дипломатски судир со соседна Грција." Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Асосиејтед прес (АП) исто така констатира дека Сиљановска-Давкова „веднаш предизвикала дипломатски судир со соседна Грција." 
„На церемонија во парламентот, Сиљановска-Давкова ја нарече земјата ’Македонија’, наместо да го користи уставното име ’Северна Македонија’“, пишува АП.

„Тоа ја поттикна грчката амбасадорка во Скопје, Софија Филипиду да ја напушти церемонијата. Грчкото МНР подоцна во соопштение оцени дека однесувањето на новата претседателка го нарушува договорот меѓу двете земји и ги става во опасноста билатералните односи, како и надежите на Северна Македонија за членство во ЕУ“, наведува АП.  

Отежнат пат кон ЕУ  

Австрискиот Ди Пресе, јавува за одлуката на „националистичката претседателка Сиљановска-Давкова да не го користи новото име" и констатира дека „по победата на националистичката ВМРО-ДПМНЕ на изборите, патот кон ЕУ и односите со соседите би можеле да се нарушат“.

„Влезот на Северна Македонија во ЕУ ќе биде отежнат со исходот на парламентарните избори на 8 мај“, пишува Ди Пресе.

„Со победата на ВМРО-ДПМНЕ односите на Северна Македонија со соседните Грција и Бугарија би можеле значително да се влошат, а нивната согласност е клучна за влезот во ЕУ“, заклучува Ди Пресе.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема