Зеленски го посети фронтот кај Бахмут, нападнат Лвов
15 август 2023Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети позициите на неколку единици на украинската војска северно од градот Бахмут, кој е контролиран од Русија, во источниот дел на регионот Доњецк. „Ви благодарам што ги заштитивте животите на нашиот народ“, рече Зеленски во видеото објавено во понеделникот, 14 август, 2023, кое беше снимено во прифатниот центар за повредени припадници на војската.
Зеленски потоа им додели награди на војниците. Тој беше придружуван од шефот на неговиот кабинет Андриј Јермак, неговиот заменик Роман Машовец и бригадниот генерал Артем Бохомолов.
Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар претходно објави дека украинските единици јужно од Бахмут во минатата недела повратиле три квадратни километри територија, окупирана од руските сили. „Важно е да се разговара лично со војниците“, рече Зеленски во своето редовно вечерно обраќање, кој очигледно беше снимено во возот на враќање од посетата на единиците кај Бахмут. Во него тој изјави и дека Украина мора да го прошири производството и увозот на дронови. Тоа, според Зеленски, ги заштитува човечките животи на фронтот.
Украина: тешки воздушни напади врз Лвов
Според украински извори, руската армија извршила тешки воздушни напади врз регионот Лвов на западот на земјата. „Беа соборени многу ракети, но имаше и погодени цели во Лавов“, напиша на Телеграм градоначалникот на истоимениот град Андриј Садови. Запалената зграда била евакуирана.
Претходно гувернерот на регионот Лвов Максим Косицки изјави дека „групи руски ракети“ се летаат кон регионот.