Родос гори, илјадници луѓе се евакуираат
Во ноќта од неделата кон понеделникот од Крф биле евакуирани околу 2.500 туристи и локално население. На Родос, за време на викендот, околу 30 илјади мораа да побараат спас од огнената стихија која веќе седум дена беснее на островот. Полицијата соопшти дека транспортирала 16 илјади луѓе по земјен пат, и евакуирала уште 3.000 преку море. Останатите морале да пешачат или да го користат сопствениот превоз за да избегаат од огнената стихија.
Голем број туристи и локално население мораа ноќта да ја минат во сали, училишта и конференциски хотелски центри во северниот дел на островот. На аеродромот во Родос, илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат островот, а голем дел од нив спиеја на подот.
Повеќе туристички компании го прекинаа превозот на патници до Родос, и се обидуваат да ги извлечат оние кои останале на островот.