1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Рафах: Израелската војска со план за евакуација на цивилите

СН/агенции
26 февруари 2024

Израел подолго време најавува копнена офанзива во градот Рафах во Појасот Газа. Војската сега претстави план за евакуација на цивилите од завојуваните области. Но, владата не соопшти никакви детали.

https://p.dw.com/p/4csyU
Израелските бомбардирања на Рафах се речиси секојдневни: Подготовка за голема копнена офанзива?
Израелските бомбардирања на Рафах се речиси секојдневни: Подготовка за голема копнена офанзива?Фотографија: Said Khatib/AFP/Getty Images

Израелската армија предложи план за евакуација на цивилите во Појасот Газа, соопшти утринава израелската влада пред евентуалната голема копнена офанзива во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на границата кон Египет. Армијата „на воениот владин кабинет му претстави план за евакуација на населението од борбените зони во Појасот Газа, како и план за идни операции“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Не се соопштуваат детали за начинот на евакуација, како и за локацијата.

Како изгледа Газа по речиси три месеци војна?


Премиерот на Израел сака да започне копнена операција во Рафах, за која вели дека е „последниот бастион“ на исламистичкото движење Хамас.
Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека 92 Палестинци се убиени во Појасот Газа во израелските напади во текот на ноќта.

Гутереш упати уште едно предупредување

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, уште еднаш итно предупреди од последиците на израелската офанзива во градот Рафах. „Целосна израелска офанзива врз градот не само што би била ужасна за повеќе од еден милион палестински цивили кои бараат заштита таму, туку и ќе го забие последниот клинец во ковчегот на нашите програми за помош“, рече тој во Женева на почетокот на пролетното заседание на Советот за човекови права на ОН. 

„Копнена офанзива во Рафах би била последниот клинец во ковчегот на програмитите за помош на ОН во Газа“, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш
„Копнена офанзива во Рафах би била последниот клинец во ковчегот на програмитите за помош на ОН во Газа“, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио ГутерешФотографија: Karim Jaafar/AFP/Getty Images

Тој ги осуди терористичките напади на 7 октомври од страна на екстремистичките Палестинци во Израел и воениот одговор на Израел на нив. Ништо не може да го оправда убивањето, ранувањето, мачењето и киднапирањето цивили и употребата на сексуално насилство, рече тој. „И ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ“, рече Гутереш.