Војна во Украина: Заседава контакт групата „Рамштајн“
9 јануари 2025Украинскиот претседател Володимир Зеленски, го потврди своето учество на денешниот состанок на Контакт групата за Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија. Тој притоа истакна дека клучна работа за Украина е да продолжи да ја зајакнува својата противвоздушна одбрана, да ѝ се пружи можност „што е можно помалку да ги брка руските воени авиони од своите градови и граници“.
Официјален Вашингтон, пак според најави на медиумите, планира на денешниот состанок на Контакт групата за Украина во форматот „Рамштајн“ да објави доделување нова помош за Киев - оружје и муниција во вредност од 500 милиони долари.
Висок функционер на Пентагон, во изјава за светските новински агенции, меѓутоа, посочуи дека тимот на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден нема да има време да префрли воена помош во Киев, во вредност од повеќе од две милијарди долари, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Инаку со денешниот состанок во воздухопловната база Рамштајн ќе претседава министерот за одбрана на САД, Лојд Остин.
Додека се бара решение за одбраната на Украина, судирите на фронтот не престануваат.
Вчера најмалку 13 цивили загинаа, а околу 30 се повредени во рускиот ракетен напад врз градот Запорожје во јужна Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски.
Гувернерот на регионот Запорожје, Иван Федоров, предупреди неколку минути пред нападот на закана од проектили и наведувани, лизгачки бомби.
Руските трупи почнаа да лансираат лизгачки бомби врз Запорожје во средината на попладневните часови, при што погодија најмалку две станбени згради во градот, рече Федоров.
Русите често извршуваат воздушни напади врз цивилни области за време на речиси тригодишната војна, во кои загинаа илјадници цивили.