Делта-варијантата го принуди Џонсон да кочи
15 јуни 2021„Мислам дека е разумно да се почека уште малку“, вели британскиот премиер Борис Џонсон. Тој е уверен дека четири недели би требало да бидат доволни. „Ако сега сме претпазливи, имаме шанса во наредните четири недели да спасиме уште илјадници животи со тоа што ќе вакцинираме милиони други луѓе.“
Првично беше планирано на 21 јуни да бидат укинати повеќето рестрикции во земјата. Сега тоа е одложено до 19 јули. Делта-варијантата на коронавирусот, која првпат е регистрирана во Индија, според британските власти е за околу 60% позаразна отколку Алфа-варијантата на вирусот која беше досега главно раширена во Велика Британија. По долгото опаѓање на бројот на новоинфицирани во земјата, во последниот период повторно се регистрираат по неколку илјади новозаразени дневно.
Повеќе:
Коронавирус: Германија ги подзатвора границите за Британците
По корона-планот на Џонсон: Британците резервираат патувања „како побудалени“
Според британскиот премиер, времето до 19 јули треба да се искористи за да се забрза процесот на вакцинирање. Притоа, Велика Британија е веќе меѓу земјите кои имаат вакцинирано најголем дел од населението. Таму се целосно вакцинирани 57% од граѓаните.