1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Во Приштина од Сирија се вратија 110 косовски граѓани

СН/ агенции
20 април 2019

Повеќе од 100 Косовци денеска се вратија во татковината од некогашните региони во Сирија под контрола на џихадистичката милиција Исламска држава.

https://p.dw.com/p/3H8do
Kosovo Hauptstadt Pristina
Фотографија: picture-alliance/dpa

Акцијата за враќање на косовските државјани планирана со поддршка на САД беше досега најголема од ваков вид во Европа. Косовските власти денеска соопштија дека 110 граѓани на Косово, главно жени, кои ги следеле своите мажи во редовите на џихадистите и нивните деца се вратиле во земјата. Косовскиот министер за правда Абелард Тахири истакна: „Денеска во раните утрински часови, спроведена е многу чувствителна и значајна операција со помош на САД“. Според Тахири, Косово извршило репатријација на 110 свои државјани од воената зона во Сирија.

Повеќе:

-Балканот и натаму соочен со исламистичка закана

-Косово станува регрутен центар на Исламска држава

Меѓу нив се четири осомничени борци на Исламска држава, а повеќето се жени и деца, изјави Тахири. Четирите борци , според министерот, ќе бидат задржани 48 часови во истражен затвор во Приштина. Меѓу повратниците има 32 жени и 74 деца, од кои 9 сирачиња, чии родители загинале во војната во Сирија.

Косово, кое претежно муслиманско население,  е европска земја со најголем број борци во ИД во сооднос со бројот на население. Според информациите на косовското министерство за внатрешни работи вкупно околу 300 Косовци се имаат приклучено на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак.