Водени топови за разбивање на демонстрациите во Берлин
18 ноември 2020Во кризни времиња, како пандемија, треба да се дејствува брзо, па и измените на Законот за заштита на инфекции денеска експресно треба да минат во Бундестагот и Бундесратот. Првото читање на предлог измените беше пред десетина дена, а второто и третото читање парламентарците треба да ги завршат денеска, по што седница треба да одржи и Бундесратот, а на крајот, евентуално уште вечерва, потпис да стави и Сојузниот претседател.
Досега сојузните покраини се потпираа врз генерални клаузули од Законот за заштита од инфекции, кој инаку не предвидува ваква пандемија. Сега, со измените, во членот 28а се додаваат попрецизни одредби. Овој член ги опфаќа познатите можни мерки - од обврска за носење маски, преку рестрикции на контактите, сѐ до затворање продавници.
Повеќе:
Германската политика со апел до граѓаните: Ве молиме, без приватни прослави
Закана од ново затворање: Има ли план „Б“ за училиштата?
Меркел откри кој ќе има приоритет за корона-вакцина во Германија
И додека законодавците брзаат со постапката, оние кои не се согласуваат со измените на Законот за заштита од инфекции се собраа на протести во Берлин. Тие не се придржуваа до правилата за носење маски и држење дистанца. Полицијата најави дека нема да толерира масовно прекршување на мерките против пандемијата. Полицајците им се заканија на демонстрантите со растурање на протестите и таквата закана ја реализираа.