1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Карневал и покрај короната

ЕМФ | агенции
11 ноември 2021

И покрај многу зголемениот број на новозарaзени со коронавирус, денеска во Рајнската област во Германија е отворена карневалската сезона.

https://p.dw.com/p/42rfw
Karnevalsauftakt Köln
Фотографија: Rolf Vennenbernd/picture alliance/dpa

Илјадници луѓе денеска - на 11.11 - точно во 11:11 часот го означија почетокот на карневалската сезона. И, тоа, наспроти пандемијата која повторно носи рекордни бројки на новоинфицирани со корнавирус.

Во Келн, каде единаесетти ноември се слави особено многу,редиците пред зоните за славје се долги стотици метри. Поради короната, само лицата кои се вакцинирани или кои прележале Ковид-19 смеат да присуствуваат на отворањето на карневалската сезона.

Deutschland | Karnevalsauftakt in Köln
Фотографија: Henning Kaiser/dpa/picture alliance

Пејачот Петер Брингс вели дека короната му е некаде во главата, но се надева дека сѐ добро ќе заврши. „Мора да научиме да живееме со тоа. Мислам дека би станале многу поболни ако останеме да седиме само дома. Тогаш се уништува душата. Барем така е со мене“, вели Брингс, кој сепак има порака до сите кои годинава ќе слават карневал: „Годинава гушкајте го само партнерот, инаку сезоната нема да помине добро. А, наредната година повторно ќе можеме сите да се гушкаме.“

На минатогодишниот 11.11. првпат по повеќе децении немаше карневалско славје. Годинава работите се променети, поради тоа што голем дел од населението е вакцинирано. Во Келн и Диселдорф, кои се упоришта на каревалот, важи правилот 2Г - во зоните на славје под отворено небо, како и во кафулињата и рестораните каде ќе се слави карневалот, смеат да влегуваат само оние кои се целосно вакцинирани, или оние кои прележале Ковид-19. Прикажување негативен тест не е доволно за да се добие дозвола за влез. Притоа, доколку лицето од медицински причини не може да биде вакцинирано, мора да приложи ПЦР тест кој не е постар од 24 часа или антигенски тест кој не е постар од 6 часа.

Karnevalsauftakt Köln
Фотографија: Rolf Vennenbernd/picture alliance/dpa

Така е и во третото карневалско упориште - Мајнц, каде првпат годинава се плаќа и влезница за забавата на отворање на карневалот.