1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договор за клучното прашање во коалиционите преговори

ЕМФ /агенции
30 јануари 2018

Унијата и СПД постигнаа пробив во коалиционите преговори за централното спорно прашање - спојување на семејствата на бегалците.

https://p.dw.com/p/2rkbz
Berlin - Sondierungen von Union und SPD - Blick in die SPD-Zentrale
Фотографија: picture alliance/dpa/K. Nietfeld

Коалиционите преговори за едно од најспорните прашања - спојување на семејствата на бегалците, денеска донесоа договор на партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и СПД. Според информации од преговарачките кругови, спојување на семејствата нема да има до 31 јули, а потоа е предвиден контингент од 1000 лица од семејствата месечно.

Предлог законот со вакво решение би требало да се најде пред пратениците во Бундестагот во четврток. Пробивот е постигнат под временски притисок, поради тоа што актуелното правило за бегалците со ограничен статус на заштита, т.н. лица со право на субсидијарна заштита, истекува на средината од март.

Унијата и СПД уште во текот на т.н. сондирачки разговори постигнаа согласност за месечно ограничување на 1000 лица на бројот на припадници на семејствата на бегалците кои може да дојдат во Германија врз основа на спојување на семејството. СПД најави дека во текот на коалиционите преговори ќе бара воведување пошироко правило за т.н. тешки случаи, кое би требало да им го отвори патот на дополнителен број роднини на бегалците.

Syrische Flüchtlinge
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pförtner

Сега, во законот за доселување би требало да има одредба за тешки случаи која ќе ги опфаќа пошироко лицата со супсидијарна заштита. Досега од ваквата одредба профитираа само мал број лица од оваа група: во 2017 година само неколку десетини лица со супсидијарна заштита добиле дозвола за спојување на семејството врз таа основа.

Повеќе:

Парични премии за доброволно заминување од Германија

Факти наместо претпоставки: миграциите во Германија

Унијата и СПД сакаат да ги завршат коалиционите преговори веќе за време на претстојниот викенд. Доколку во тоа не успеат, предвидени се два дена продолжување.