1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Кина и Русија шират лажни вести за коронавирусот

БГ/ ДПА
10 јуни 2020

Европската унија очекува од платформите на социјалните медиуми да прават повеќе против штетните здравствени измами и конспиративни теории поврзани со Ковид-19, кои доаѓаат од Кина и Русија.

https://p.dw.com/p/3dbOi
Symbolbild Facebook | Fake News
Фотографија: picture alliance/AP Photo/A. Alfiky,

Експертите на ЕУ забележале „огромни бранови“ на штетни здравствени совети, лажни тврдења и онлајн измами, но и обиди на странски држави да се вмешаат во домашните дебати во ЕУ. На пример, некои групи објавувале опасни тврдења дека пиењето белило лечи од новиот коронавирус.
„Во Белгија беше забележано зголемување за 15 проценти на случаи поврзани со конзумирање белило“, се наведува во извештај на Европската комисија.

Брисел бара од социјалните платформи да воведат наведување на официјални извори на информации и да отстрануваат опасни и лажни содржини. Особено компании како Фејсбук, Твитер и Јутјуб мора да сторат повеќе, бара Европската комисија.

„Ние знаеме толку колку што ни кажуваат платформите. Тоа не е доволно“, изјави потпретседателката на Комисијата Вера Јурова, дополнувајќи дека од овие платформи ќе се бараат месечни извештаи.
„Тие мора да се отворат и да понудат повеќе докази“. 
Јурова истовремено го пофали Твитер затоа што минатиот месец означи два твита на американскиот претседател Доналд Трамп како проблематични. 
ЕУ активно ги следи дезинформациските кампањи уште од 2015 година, и досега фокусот беше во најголем дел насочен кон Русија од каде доаѓаа најголемиот дел лажни вести.
Но, со појавата на Ковид-19, расте загриженоста во ЕУ и за официјалниот наратив на Кина во врска со пандемијата.

Новиот извештај директно ги посочува „странските актери“- Пекинг и Москва- за водење кампањи насочени кон поткопување на демократските дебати во ЕУ, понекогаш и кон нивна поларизација, а во други случаи, обиди да си го подобрат сопствениот имиџ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема