1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зигмар Габриел: Не сум дел од новата влада

ЖА / агенции
8 март 2018

Актуелниот министер за надворешни работи бил информиран од дел од раководството на СПД дека нема да биде дел од новата влада, напиша тој на Фејсбук. На својата партија од срце ѝ посакува успех.

https://p.dw.com/p/2tw4S
Deutschland Koalitionsverhandlungen von Union und SPD | Außenminister Sigmar Gabriel
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел нема да приѓа на  новата германска коалициска влада.  Информацијата за тоа му ја соопштиле шефицата на пратеничката група на Социјалдемократската партија Андреа Налес и привремениот лидер на партијата, Олаф Шолц, напиша Габриел на својата Фејсбук-страница: „Јас сум избран за пратеник во Бундестагот и останувам таму, но завршува времето во кое извршував политички водечки функции за СПД.“

Габриел укажува притоа дека во својата речиси 30-годишна политичка кариера имал можност да работи на водечки функции за СПД. „Тоа беше возбудливо и полно со настани време, што ми овозможи големи шанси и собирање искуства кои се далеку над она за кое што се осмелував да сонувам како млад човек.“

Повеќе на темата: 

Тргнуваме, но не како досега - почнува најтешкиот мандат на Меркел

Германија: Сомневања во способноста на СПД за владеење

Останувањето на Габриел во Министерството за надворешнми работи и досега се сметаше за малку веројатно. Нему му се припишуваат нарушени односи со Мартин Шулц и со Андреа Налес. Габриел во февруари го обвини раководството на СПД за кршење на дадениот збор, откако тогашниот партиски лидер Мартин Шулц најави аспирации за функцијата шеф на германската дипломатија.

Во партијата на незадоволство наиде посебно инструментализирањето на неговата ќерка. „Мојата мала ќерка Мари денеска ми рече: тато, не треба да бидеш тажен, сега ќе имаш повеќе време за нас, тоа е подобро отколку да бидеш со тој човек со влакна на лицето“, изјави Габриел за новинарите од медиумската група Функе. Зигмар Габриел беше вицеканцелар од 2013. година, од 2005. до 2009. министер за економија, а потоа министер за надворешни работи.  

СПД утре треба да одлучи кого ќе испрати во идниот кабинет на канцеларката Ангела Меркел, на располагање се шест министерски места, определбата е да бидат пополнети со тројца мажи и три жени. Според некои медиуми, како иден наследник на Габриел се споменува Томас Оперман, заменик претседател на Бундестагот.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид