Проф.д-р Ивајло Дичев предава културна антропологија на универзитетот во Софија. Работи во областа на политичката култура, медиумите и урбанистичките студии. Предавал во Франција, САД, Германија и други земји. Есеист, писател, активен учесник во политичката дебата.
За својата работа во ДВ тој вели: „Овој медиум не само што ми дава целосна слобода, туку и одредена дистанца од бугарскиот политички живот, што овозможува трезвена и мирна анализа на она што се случува“.