1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Карневал во Вевчани - сатирична пресметка со политиката

15 јануари 2020

Инспирација за карневалските маски најчесто е политиката, посебно бурната политичка сцена во С. Македонија, но и светски настани.

https://p.dw.com/p/3WEdK
Mazedonien Karneval in Vevcani
Фотографија: DW/J. Djukic-Pejic

Во фокусот на традиционалниот Вевчански карневал, кој се одржува на 13 и 14 јануари, на Василица, се паганските обичаи, но мештаните се потсетуваат на сатиричен начин и на сите неубави настани кои ги потресле во текот на минатата година, било во земјата или во странство.

Mazedonien: Karneval in Vevcani
Загадување на воздухот - дишење само со маскиФотографија: DW/J. Djukic Pejic
Mazedonien: Karneval in Vevcani
Макроновите „жолти елеци“ продефилираа низ ВевчаниФотографија: DW/J. Djukic Pejic

Овојпат на удар беа политичари, претставници на различни цркви, криминалци. Не беше одминат ни случајот „Рекет“, во карневалската поворка се најдоа со лисици и „обвинителката Катица Јанева“ и „Боки 13“.  

Mazedonien: Karneval in Vevcani
Фотографија: DW/J. Djukic Pejic

Атмосферата и дел од карневалските маски во следното видео: 

Политичка сатира на вевчански начин