Комплименти и респект за македонските фудбалери
1 април 2021Во потполно изненадувачки 1:2 (0:1) во последниот натпревар пред Европското првенство против големиот аутсајдер Северна Македонија, германскиот селектор во заминување, Јоаким Лев за првпат доживеа пораз во квалификациите за СП- во неговиот 33-ти и последен натпревар, пишува новинската агенција ДПА. Поразот на четирикратниот светски првак од македонската репрезентација како сензација или како бламажа за Германија го оценуваат речиси сите медиуми во земјата. Во реакциите на селекторот Лев и репрезентативците беше забележливо големо разочарување:
„Разочарувањето е огромно. Изгубивме многу топки во играта во нападот а одбраната не беше стабилна во целина. На првите два натпревари (против Исланд и во Романија) видовме добри пристапи кон играта. Самите сме виновни, дека ја испуштивме контролата. Разочарувањето е големо кога така губиш дома “, изјави селекторот Лев.
Капитенот на германската репрезентација на денешниот натпревар Илкај Гундоган пак истакна „Во моментов не можам да најдам зборови. Ваков пораз не треба да се случи. Се чувствуваше како Македонците двапати да беа пред нашиот гол и двапати постигнаа гол. Не изгледавме добро ниту при двата гола. Немаме друг избор освен да продолжиме натаму“.
Повеќе:
-Северна Македонија: „Горан Велики“ и неговите следбеници
-Германски медиуми: С. Македонија е во фудбалски налет
-Фудбал: Германците среќни поради лесната група со Северна Македонија
Напаѓачот Серж Гнабри, пак беше краток: „Комплименти за Северна Македонија, ни направија да ни биде многу тешко“.
Од реакциите за денешната сензација ја издвојуваме и онаа на поранешниот германски репрезентативец и светски првак Бастијан Шванштајгер: „Почит од моја страна за Северна Македонија, несреќен пенал против нив, чист недосуден пенал, и овие момци победуваат на гости против четирикратниот светски првак. Симнувам капа“, напиша Швајнштајгер на социјалната мрежа Твитер.
Натпреварот во Германија го пренесуваше приватната телевизија РТЛ. Притоа во неколку наврати по мечот таа ги прикажа насобраните македонски навивачи како пред стадионот во Дуизбур ја слават победата над Германија со головите на Пандев и Елмас, и како со скандирања ги позддравуваат фудбалерите, кои со репрезентативниот автобус го напуштаа стадионот.