1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Драстично заострување на мерките во Германија

БГ /АП
14 декември 2020

Затворање на продавниците, строги лимити на социјалните контакти, забрането пеење во црквите и забрана за продажба на пиротехника. Германија драматично ги засилува ограничувањата во обид да ја сопре пандемијата.

https://p.dw.com/p/3mfJf
Deutschland Covid-19 | PK im Bundeskanzleramt Merkel
Фотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека се усогласила со премиерите на 16 покраини да се заострат рестриктивните мерки од среда, 16 декември до 10 јануари во обид да се спречи експоненцијалниот раст на новозаразените со Ковид-19.

„Принудени сме да делуваме на овој начин“, изјави Меркел во Берлин, додавајќи дека актуелните ограничувања воведени во ноември не успеаја позначително да го намалат бројот на нови инфекции. 

-повеќе на темата: Последната битка на Ангела Меркел

Од среда, ширум државата ќе бидат затворени сите училишта или ќе се префрлат на онлајн учење; сите продавници кои не продаваат храна ќе бидат затворени, како и малите бизниси како фризерските салони. Рестораните ќе смеат да продаваат само спакувана храна. Со исклучок на Божик, бројот на луѓе кои смеат да се собираат во затворен простор ќе биде ограничен на 5, со исклучок на децата под 14 години.
Традиционалната продажба на пиротехника за прославата на Новата година е забранета, исто како и групните собири за новогодишната ноќ. 

Deutschland I Coronavirus - Einkaufen vor dem Lockdown
Редови пред продавниците во Германија пред очекуваниот локдаунФотографија: Angelika Wasmuth/dpa/picture alliance

-повеќе на темата: Германија го продолжува и го заострува „локдаунот“

Владата ќе им обезбеди дополнителна финансиска помош на стопанствениците погодени од ограничувањата. Министерот за финансии Олаф Шолц најави сума од околу 11,2 милијарди евра. Од сите компании се бара да им дозволат на вработените да работат од дома во следниот месец.

Верските обреди ќе бидат дозволени, но само со минимум дистанца и носење маски, иако пеењето се забранува.