1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на горештините не е на повидок

СН/ агенции
28 јули 2018

За волја на вистината, денеска Германија може малку да здивне во краткотрајно заладување. Бранот на низок воздушен притисок „Јули“, носи невреме, дождови и пониски температури. Но не за долго...

https://p.dw.com/p/32EZ1
Deutschland Hitzewelle | Köln
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress/C. Hardt

Веќе од утре, по повлекувањето на облаците, кои со себе ги носи циклонот „Јули“, Германците повторно ги очекуваат горештини со температури до 35 степени, соопшти германската метеоролошка служба .Топлотниот бран, треба да продолжи и во текот на наредната недела, но не се очекуваат толку високи температури како оваа седмица, во која во Германија и во други делови на северна и западна Европа живата на термометарот се искачи на преку 38 Целзиусови степени.

Повеќе:

-Грција гори, северната хемисфера се пржи

-Аеродромската писта во Хановер „расцвета“ од горештината

-Глобалниот топлотен бран што убива

Германската метеоролошка служба соопшти дека не е на повидок крај на жекото лето во земјата и во Европа. Малку посериозно разладување тие не можат да прогнозираат пред средината на август. Инаку горештините и сушата веќе со недели држат поголеми делови од Европа и Германија во костец. За последиците од топлотниот бран во Германија повеќе во следнава галерија: